Грб на Општина Битола — грб на Општина Битола. Тековниот грб бил усвоен на 21 март 2006 година, на свечена седница на советот на општината. Тој ги симболизира богатата и длабока историја на Битола а црвено–златниот штит ја претставува современа Битола, подемот на нејзината урбана, духовна и материјална култура. Воедно со својата визуелна стуктура асоцира и на осончаните врвови на пелистерските молики и пелагониското златно класје. Со својот сферичен долен дел грбот асоцира на белиот амфитеатар во Хераклеја. На семантички и хералдички план значењето и симболиката на грбот дополнително се засилени со чистата колоритна структура. Сината боја ги симболизира граѓанското општество и демократијата. Црвената боја ги симболизира животот и традицијата. Жолтата боја ги симболизира духовното богатство и неговата моќ. Белата боја е метафора на моралната чистота и етиката.Новиот грб и знаме на Општина Битола на мрежното место на Општината Битола
Наводи
Надворешни врски Новото знаме и грб на Општина Битола на мрежното место на Утрински Весник.
Поврзано Знаме на Општина Битола
Категорија:Општина Битола Битола Категорија:Појавено во 1944 година во Македонија Категорија:Појавено во 2006 година во Македонија Категорија:Појавено во 1944 година во Југославија