Синиот кит е цицач и најголемиот жив организам кој некогаш живеел на Земјата. Достигнува должина и до 32.9 m и тежина од 172 тони. Сините китови ги имало во голем број во скоро сите океани во светот до почетокот на дваесеттиот век. Во четириесеттите години од минатиот век луѓето ги ловеле скоро до истребување. Во 2002 година е проценето дека во светот живеат уште 5,000 до 12,000 сини китови во пет групи. Пред да почнат да се ловат најголема популација од овие китови имало на Антарктикот од 239,000 единки, но денес живеат во многу помали концентрации од по 2,000 единки во североисточен Тихи Океан, Индискиот и Јужниот Океан. Постојат и две групи во северен Атлантик и најмалку две во јужната полутопка.
Наводи
Надворешни врски Вистинска големина на Синиот кит Слики и видеа на ARKive
Категорија:Беззаби китови
Категорија:Животински таксони опишани од Карл Линеј