Чаковската тврдина или Зринскиот замок ( или , или Зрињи-кастели) — средновековна тврдина во средината на градот Чаковец кое претставува административно седиште на Меѓумурската жупанија, северна Хрватска.

Местоположба Замокот се наоѓа во Зринскиот парк, недалеку од централниот плоштад на градот, и е најголемото утврдување во Меѓумурската жупанија. Изграден бил од делкан камен и црвена тула, а во текот на својата долга 7 вековна историја претрпел неколку реконструкции, а денес е делумно реставриран.

Во главната палата на замокот се наоѓа Меѓумурскиот музеј, најголемиот музеј во округот, а неговиот атриум се користи и како отворен театар во текот на летните месеци. Местото било седиште на Зринско-франкопанскиот заговор, значаен настан во историјата на Хрватска.

На 19 ноември 2007 година, Чаковската тврдина била класифицирана како заштитено културно добро во Регистарот на културни добра на Хрватска под број N-23.

Историјат Првото утврдување било изградено во 13 век од страна на грофот Чак I Хахот, по кого бил именуван градот Чаковец. Подоцна било во сопственост на многу други значајни семејства, вклучувајќи ги Алтанските грофови, Лацковичката династија, Цељските грофови, како и Ернуштовата династија, Зринската династија, Ќеглевиковото семејство, Фештетиковата династија и други.

Никола IV Зрински, бан на Хрватска и херој на Сигет, го добил замокот заедно со целата област на Меѓумурје на 12 март 1546 година од кралот Фердинанд како компензација за неговите битки против Османлиите.

Правнукот на Никола IV, Никола VII Зрински, долгогодишен бан на Хрватска и познат воин против Турците, бил роден во замокот Чаковец во 1620 година, син на Јурај V Зрински и Магдалена Зринска - моминско презиме Сечи. Во својот замок, тој ја основал и поседувал единствена збирка книги наречена „Библиотека Зринијана“.

Во 1660 година замокот го посетил Евлија Челебија, турски патописец и писател, а во 1661 година и Јакобус Толиус, холандски филолог.

На 30 април 1738 година, замокот бил тешко оштетен во земјотрес. Веднаш бил обновен и редизајниран во барокен стил, и му бил даден денешниот изглед. Рововите исполнети со вода, кои целосно го опкружувале замокот, подоцна биле исушени и наполнети со земја.

Галерија

Поврзано

Ернушт Зрински Франкопани Зрински-франкопански заговор

Наводи

Надворешни врски

Чаковската тврдина била сопственост на Зринското благородничко семејство Зрински замок – утврдување во центарот на Чаковец Замокот Чаковец - Национално културно добро на Хрватска (N-23) Замоци и вили Херкулова алегорија во Стариот замок Чаковец: Нарачател и контекст

Категорија:Дворци во Хрватска Категорија:Координати на Википодатоците Категорија:Статии со текст на хрватски Категорија:Тврдини во Хрватска