Цигарево или Цигарово (, Анидро; до 1926 г. Τσιγάρεβο(ν), Цигарево(н)), на турски: Чангар — поранешно село во Гуменџиско, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Пајонија, Централна Македонија, Грција. Било населено исклучиво со Македонци.

Географија Селото се наоѓало на југоисточните падини на планината Пајак, меѓу селата Радомир на југ и Рамна на север.

Историја Во Отоманското Царство Во XIX век Цигарево е чисто македонско село во Ениџевардарска Каза. На австроунгарската военна карта е означено како Чангар (Čangar), а на картата на Кондојанис се води како Цигаровон (Τσιγάροβον), христијанско село. Според Николаос Схинас („Οδοιπορικαί σημειώσεις Μακεδονίας, Ηπείρου, Νέας οροθετικής γραμμής και Θεσσαλίας“) во средината на 1880-те Цигаровон (Τσιγάροβον) било село со 35 христијански семејства.

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. во Цигарево живееле 200 Македонци христијани. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. Цигарево (Tzigarevo) имало 120 Македонци, сите под Егзархијата.

Во 1905 г., според Крсте Петков Мисирков, село Цигарево било македонско со 10 куќи.

Во 1910 г. Халкиопулос напишал дека селото (Τσάγγαρ) имало 35 егзархисти.

Боривое Милоевиќ („Јужна Македонија“) вели дека пред Балканските војни Цигарево имало 15 куќи на Македонци христијани.

Во Грција По Балканските војни во Цигарево е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Во 1912 г. е заведено како село со христијанска и муслиманска религија и македонски јазик. На пописот од 1913 г. селото (Τσιγάρεβον, Τσάγκαρ) като село со 117 жители (62 мажи и 55 жени). Во 1920 г. населението се намалило на 83 жители.

Во 1924 г. највеќето христијански жители биле присилно иселени во Бугарија, а муслиманските во Турција по сила на Лозанскиот договор. На нивно место власта довела грчки колонисти од Мала Азија. Во Цигарево останале само 3 македонски семејства. Во 1928 г. селото е попишано како село со 14 дојденски семејства сочинети од 35 жители. Според Тодор Симовски, таа година селото имало 55 жители, од кои 27 македонски староседелци и 28 грчки дојденци. Во 1926 г. селото е преименувано во Анидро.

Во следниот период населението се зголемило на 117 жители, веројатно поради доселување на жителите од напуштеното село Романово. Со ова дојденците станале апсолутно мнозинство, бидејќи жителите на Романово самите биле дојденци на местото на тамошните македонски староседелци.

За време на Граѓанската војна во 1947 г. властите ги преселиле жителите во градот Пазар, и тие повеќе не се вратиле да живеат во него. Сепак, тие продолжуваат да ги обработуваат своите имоти таму.

Во 1990 г. кај црквата „Св. Ѓорѓи“ е основан манастирот „Св. Ѓорѓи и Пресв. Богородица Утешение“.

Личности Вангел Ќајски — револуционер, курир на ВМОРОБабев, Иван, Македонска голгота – Спомени и изповеди от Ениджевардарско, ТАНГРА ТанНакРа ИК, София, 2009, стр. 312. Атанас (Танас) Стојанчев (1870 - по 1943) — револуционер, курир на ВМОРО, преселен во НесебарБабев, Иван. Помним делата ви, НСА Прес, 2013 г., стр.75.

Културни и природни знаменитости Црква „Св. Ѓорѓи“ од XIX век, прогласена за споменик на културата Манастир „Св. Ѓорѓи и Пресв. Богородица Утешение“ од 1990 г.

Наводи

Категорија:Историски села во Пајонија (општина)