Зорбатово (, Микро Монастири, катаревуса Μικρόν Μοναστήριον, Микрон Монастирион; до 1926 г. Ζορμπάς, Зорбас) — село во Солунско, Егејска Македонија, денес во општината Илиџиево на Солунскиот Округ во областа Централна Македонија, Грција. Сè до 1920-тите било населено исклучиво со Македонци.
Географија Селото се наоѓа во Солунското Поле, на 43 км западно од Солун, на западниот брег на пресушеното Ениџевардарско Езеро.
Историја Во Отоманското Царство Во XIX век Зорбатово било село во Солунската Каза. Според порталот на општината Илиџиево, името доаѓа од турскиот збор зор(т), „мака“. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Зорбатово броело 225 жители Македонци христијани и 60 Роми. Според Христо Силјанов, по Илинденското востание во 1904 г. целото село (Зорбани) преминало под врховенството на Бугарската егзархија. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Зорбат (Zorbat) имало 400 жители Македонци, сите под егзархијата. Според грчки извори, селото вратено под Цариградската патријаршија од грчките чети на капетаните Гоно Јотов и Константинос Буковалас.Ο Μακεδονικός Αγώνας και η λίμνη των Γιαννιτσών Сепак, во селото имало и народно училиште.
Според извештај на Димитриос Сарос од 1906 г. Зорбас (Ζορμπᾶς) е словенојазично село во Воденската митрополија со 335 жители. Во селото работела грчката пропаганда — имало грчко основно училиште и детска градинка со 42 ученици (22 машки и 20 женски) со 2 учители.
Во септември 1910 г. селото настрадало во разоружувачката акција на младотурците. Кметот Крсте Канчов бил обезглавен со секира.Ден, бр. 2325, 23 септември 1910, стр. 3.
Според Боривое Милоевиќ („Јужна Македонија“) Зурба пред Балканските војни се состоело од 50 македонски куќи.
Во Грција За време на Првата балканска војна во Зорбатово влегла грчка војска. Народното училиште било затворено, а инвентарот бил пренесен во грчкото училиште.Даскалов, Георги, Българите в Егейска Македония, София 1996, с. 109. По Втората балканска војна во 1913 г. селото било припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Таа година Зорбатово имало 274 жители кои во 1920 г. нараснале на 342 лица.
По 1922 г. поради репресиите 47 жители се преселиле во Бугарија, а во 1924 г. тука се доведени Грци Кариоти од Мал Манастир, Бугарија. Во 1926 г. селото е преименувано во Микро Монастири, превод на името на старото село. Во 1928 г. Зорбатово е претставено како дојденско село со 312 жители од 79 семејства. Според Тодор Симовски, истата година селото било мешана населба со 605 жители. Во 1950 г. во селото се доселени и Каракачани.
Жителите претежно се занимаваат со земјоделство, а помалку со сточарство. Земјиштето е извонредно плодно како последица од пресушувањето на Ениџевардарското Езеро. Се одгледуваат ориз, памук, пченка и луцерка.
Население
Личности Кољо Петрушев — револуционер на ВМОРО, претседател на месниот комитетБабев, Иван, „Македонска голгота – Спомени и изповеди от Ениджевардарско“, ТАНГРА ТанНакРа ИК, София, 2009, стр.159 Танас Лебанов — револуционер на ВМОРО Георгиос Карадимос (Γεώργιος Καραδήμας) — андартски деец, агент од II ред Јоанис Карозис (Ιωάννης Καρόζης) — андартски деец, агент оd II ред Константинос Каркаманис (Κωνσταντίνος Καρκαμάνης) — андартски деец, четник
Наводи
Категорија:Илиџиево