Кусороб или Косруп (, Месоропи) — село во Правишко, Егејска Македонија, денес во општината Кушница на Кавалскиот Округ во областа Источна Македонија и Тракија, Грција. Населението брои 467 жители (2021).
Географија и местоположба Селото се наоѓа во југозападните падини на планината Кушница, околу 20 км југоисточно од гратчето Правишта, на надморска височина од 310 м.
Историја
Во Отоманското Царство Во XIX век Кусороб било грчко село во Правишката Каза на Драмскиот Санџак. Во 1889 г. хрватскиот етнограф Стефан Верковиќ („Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи“) напишал за Кусороб:
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г., во селото Кусороб имало 780 жители Грци. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Кусороб или Косруп (Koussorob, Kosroup) имало 755 Грци.
Во Грција За време на Првата балканска војна селото е окупирано од Бугарија, но по Втората балканска војна во 1913 г. е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Таа година селото броело 1.478 жители, кои поради војните во 1920 г. се намалиле на 866 лица.
Во 1923 г. во селото биле населени десеттина бегалски семејства (вкупно 47 бегалци).
Во 1941 г. селото е окупирано од бугарски единици, кои во него завеле 1.456 жители.
Стопанство Обработливите површини на селото се мошне ограничени поради својата местоположба. Главни земјоделски производи се тутун и пченица. Во минатото, сточарството било поразвиено, но денес нема посебно значење.
Население
Самоуправа и политика Во 1919 година, селото станало самостојна општина, чиј атар зафаќал површина од 28 квадратни километри. Општината Кусороб била приклучена во општината Пиери во 1997 година, која била укината во 2011 година и станала дел од поголемата општина Кушница.
Селото припаѓа на општинската единица Пиери со седиште во селото Моштијан, која припаѓа на поголемата општина Кушница, во округот Кавала. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Кусороб, во кој е единствено село.
Општествени установи
Полициска станица
Културни и природни знаменитости мини|250x250пкс|Махмуд-агиниот мост кај селото Мостови
Махмуд-агин мост — стар камен мост во источниот дел на селото Клоторски мост — стар камен мост на реката Лаџа кај селото
Личности Родени во Косоруб
Димитриос Хаѕулас — андартски капетан Панкратиј Ксулогис (р. 1944) — грчки духовник
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Кушница