Долос (, Витос; до 1927 г. Ντόλος, Долос) — село во Населичко, Егејска Македонија, денес во општината Горуша на Кожанскиот Округ во областа Западна Македонија, Грција. Населението брои 72 жители (2021).
Географија и местоположба Селото се наоѓа во областа Населица, покрај патот Кожани–Лапчишта–Коница (ЕО20), околу 2 км северно од соседното село Жупан, високо во југоисточните падини на Горуша, на надморска височина од 980 м.
Селото е разбиено, поделено на две издвоени маала: Горно Долос (Ано Витос), сместено под ридот Караула (1.188 м) и Долно Долос (Като Витос), во стрмната клисура на реката Сјуци.
Историја
Потекло и значење на името Името на селото потекнува од словенскиот збор дол, односно ниско, вдлабнато место. Иако носи македонско (словенско) име, неговото население уште од порано има грчко потекло.
Во Отоманското Царство Кон крајот на XVI век Долос било мало село, кога броело само 5–6 домаќинства. Меѓутоа, поради зулумите на албанските разбојници во текот на XVIII век, во селото се населиле жителите на сега раселените Фтери, Калуѓерица (Калогрица), Залци, Искиондоло и Стар Кримин (Палиокримини), а подоцна и од селата Кипсели, Филипишта, Сули и Черешово (Керасово) во Епир.
Во ХІХ век Долос било грчко село во Населичката Каза на Серфиџенскиот Санџак. Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900, во Долос живееле 561 жител, сите Грци.
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Доло е претставено како чисто грчко село во Населичката Каза на Серфиџенскиот Санџак со 119 куќи.
Според статистиката на грчкиот конзулат во Еласона, во 1904 г. во Долос (Δόλος) живееле 500 Грци христијани.
За време на Борбата за Македонија (1895–1908), Долос важело за база на грчките андарти.
Во Грција По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор, кога броело 770 жители. Нивниот број во 1920 г. се намалил на 559 лица.
Во 1927 г. името на селото било променето во Витос (Βυθός). +Места во заедницата Долос преименувани со службен указ на 6 август 1969 годинаИмеИмеНово имеНово имеОписПраморицаΠραμορίτσαРемаΡέμαрека на И од ДолосКараулаΚαραούλιСкопосΣκοπόςврв на Горуша на СИ од Долос (1.188 м)СтражевоΣτράζοβονМаври РахиΜαύρη Ράχηврв на Горуша на СЗ од Долос (1.335 м)НирикитаΝιρικήταКодиниΚοντηνήврв на Горуша на СЗ од Долос
Стопанство Населението произведува жито, компири и други земјоделски производи, а внимание му се посветува и на сточарството. Во минатото, покрај земјоделството, мештаните се занимвале и со градежништвото.
Население
Самоуправа и политика Во 1918 година, селото станало самостојна општина, чиј атар зафаќал површина од 25 квадратни километри. Општината Долос била приклучена во општината Жупан во 1997 година, која била укината во 2011 година и станала дел од поголемата општина Горуша.
Селото припаѓа на општинската единица Жупан со седиште во истоименото село, која припаѓа на поголемата општина Горуша, во округот Кожани. Воедно, селото е седиште на општинскиот оддел Долос, во кој е единствено село.
Културни и природни знаменитости Цркви
Црква „Воведение на Пресвета Богородица“ — главна селска црква; Црква „Св. Пантелејмон“ — гробјанска црква, изградена во 1929 г.; Црква „Св. Архангели“ — некогашна манастирска црква; и Црква „Св. Илија“ — помала селска црква од крајот на XIX век, подоцна обновена.
Манастири
Долоски манастир — манастир од XVIII век
Параклиси
„Св. Богородица“ „Св. Поликарп“
Езера
Долоско Езеро — вештачка акумулација на реката Праморица
Наводи
Категорија:Горуша (општина)