Стибан или Стефанина () — село во Општина Бешик во Солунски Округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција.Kallikratis law Greece Ministry of Interior . Пред реформата на локалната власт во 2011 година Стефанина бил дел од општина Маслар.
Географија и местоположба Селото се наоѓа на 24 километри северозападно од Ставрос и 82 километри источно од Солун, во северниот дел на Халкидик. Селото се наоѓа на надморска височина од 493 метри во јужните делови на Богданска Планина, над Бешичкото Езеро (Волви).
Стибан опфаќа површина од 55 квадратни километри.
Историја
Во XIX век Стибан било село во Лагадинската Каза во рамките на Отоманското Царство.
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 900 жители ГрциКънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 170.. Селото било под влијание на Цариградската патријаршија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 550 Грци и во селото работело грчко училиштеBrancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, рp. 196-197..
По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. Во 1913 година, во селото живееле 423 лица. По потпишувањето на Лозанскиот договор во 1923 година помеѓу Турција и Грција, во селото се населиле грчки бегалци од Анадолија.
Според царската наредба од 28 јули 1918 година, селото претставувало самостојна општина во Лагадинската околина. Во негов состав влегувало уште и селото Кавак.
Во 1927 година селото било преименувано во Аретуза. Бидејќи селото се наоѓа на рамнина, тоа е прилично богато. Неговите жители главно се занимаваат со производство на памук, тутун и овошје.
Демографија
Во 1928 година селото било чисто бегалско село со 589 жители додека во 1940 година селото броело 752 жители. Селото во пописот од 1951 година броело 653 жители, на пописот од 1961 година во селото живееле 722 жители, во 1971 година имало 646 жители, во 1981 година имало 499 жители, додека во 1991 година имало 468 жители а во 2001 имало 375 жители. Денеска, населението на селото е 362 жители според пописот од 2011 година.
Знаменитости Успение на пресв. Богородица од XVIII – XIV век, прогласена за споменик на културата Црква „Св. Димтириј и Св. Стефан“ од XIX век, прогласена за споменик на културата
Наводи
Надворешни врски Официјално мрежно место на Општина Бешик
Категорија:Бешик