Џума Маала или Џумаја Маала (Бутковска Џумаја или Ливадово; , Ливадија; до 1923 г. Τζουμά Μαχαλέ, Џума МахалеΜετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Τζουμά Μαχαλέ -- Λειβάδια) — село во Валовишко, Егејска Македонија, денес во општината Синтика на Серскиот Округ во областа Централна Македонија, Грција. Населението брои 445 жители (2021). Сè до 1920-тите населението се состоело исклучиво од Македонци.
Географија Селото е сместено во Серското Поле, 45 км северозападно од Сер, на железничката линија Кулата - Валовишта - Сер - Драма. Кежи северно од Бутковското Езеро и западно од Валовишта.
Историја Потекло на поимот Името на селото доаѓа од од турскиот поим џума (cuma), што значи „собор“ или „петок“ и се однесува на поранешната улога на местото како пазариште каде се собирале жителите од околните места.Иванов, Йордан. „Местните имена между Долна Струма и Долна Места“. София, БАН, 1982, стр. 112.
Во Отоманското Царство Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ за 1873 г. Џума Маала е наведена двапати — еднаш како село во Серската Каза Djoumaa-mahla со 82 домаќинства од 130 жители муслимани и 100 жители Македонци„Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995. стр. 120-121. а втопат како село во Демирхисарска Каза (Djoumaali-mahlè) со 30 домаќинства од 70 жители муслимани„Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995. стр. 136-137. Очигледно е дека првиот податок е точниот.
Во 1891 г. охридскиот интелектуалец Георги Стрезов напишал за селото:
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. селото Џума Маала броело 150 жители, сите Македонци христијани. Според егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 г. христијанското население на селото (Djoumata-Mahala) се остоело од 560 Македонци, сите под врховенството на Бугарската егзархија, што е сомнително висока бројка. Во селото работела бугарската пропаганда со 1 основно бугарско училиште од 1 учител и 21 ученици.Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р.198-199.
Во Грција Во октомври 1912 г. Џума Маала била окупирана од бугарска војска. Следната 1913 г. селото е запалено од грчката војска.Карнегиева фондация за международен мир. „Доклад на международната комисия за разследване причините и провеждането на Балканските войни“, София 1995, с. 299.
По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Истата 1913 г. имало население од 250 жители, кои во 1920 г. биле 270. Под притисок на властите, 20-тина семејства заминале за Бугарија, а на нивно место се доведени грчки колонисти. Во пописот од 1928 г. Џума Маала имала 731 жител од 191 семејство, од кои релиси сите (апсолутно мнозинство) биле грчки доселеници. Во 1923 г. селото е преименувано во Ливадија. Месното и околното население почнало да го користи помакедончениот облик Ливадово.
Во 1940 г. населението се зголемило на 1.037 жители. За време на Втората светска војна во 1941 г. селото е окупирано од Бугарија. Истата година се намалило на 758 жители, што се должи на преселувања за да се избегне бугарската власт. По војните, во 1951 г. населението се зголемило на 1.261 жител поради повратокот на населението, како и доселување на други грчки дојденци кои дотогаш живееле во планинските села. Во 1960-тите дошло до извесен пад на бројноста поради иселување, но потоа населението се одржало устојчиво. Ова траело сè до драстичниот пад во 2000-тите, кога населението опаднало од 1.094 во 2001 на само 623 во 2011 г.
Население
Стопанство Селото се смета за многу богато бидејќи има плодно земјиште кое целосно се наводнува, и чии климатски услови овозможуваат по две реколти годишно. Се произведуваат големи количства памук, пченка и други земјоделски производи. Доста развиено е и краварството.
Личности Коста Димитров — револуционер, деец на ВМРО, починал по 1918 г.Македонците в културно-политическия живот на България. Анкета од Изпълнителния комитет на Македонските братства, Книгоиздателство Ал. Паскалев и с-ие, София, 1918, стр. 106. Лечо Петров — борец во Балкансктие војни од четата на Тошо Стојанов„Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 561. Стојан Вампиро (Стојан Велев Хаџиев; 1886 - ?) — разузнавач, горјанинПо трагите на Вампирот (архивирано)
Наводи
Поврзано Беласица Валовишко Серско Поле
Категорија:Синтика