Влашка Блаца или Влашко Блато (, Власти; до 1927 г. Μπλάτσι или Βλάτσι, Блаци или Влаци; до 1928 г. Πολυνέρι, Полинери; ) — село во Кајларско, Егејска Македонија, денес во општината Еордеја на Кожанскиот Округ во областа Западна Македонија, Грција. Населението брои 326 жители (2021), сочинето од Власи.
Во минатото, селото се нарекувало уште како Грчка Блаца, за да се разликува од блиското македонско село Блаца во Костурско, иако во него живее исклучиво влашко население.
Географија и местоположба Сeлото се наоѓа во мала висорамнина, високо на јужните падини на Сињак, околу 24 км југозападно од градот Кајлари, на надморска височина од 1.180 м.
Историја
Во Отоманското Царство Селото веројатно е основано во XV век, кога по доселувањето на Турци-Коњари во Кајларско, месното христијанско население било принудено да побара засолниште во планините. По уништувањето на влашките градови Москополе, Николица и Грамошта од бандите на Али-паша Јанински кон крајот на XVIII век, голем број Власи оттаму се населиле во Блаца. Дел од населението на Блаца е по потекло и од Шишани — некогашно епископско седиште.
Влашка Блаца постепено израснала во голема населба со градски карактеристики, а нејзините жители прилично се збогатиле благодарение на развиеното сточарство (големи стада овци), но и поради трговијата и занаетчиството, кои биле исто така доста развиени. Повидни семејства од селото биле Карамичу, Логи, Капети, Дуро, Германи, Мушику, Дошу и други. Кон крајот на ХIХ век Влашка Блаца било големо влашко село во Кајларската Каза на Серфиџенскиот Санџак.
Епирскиот хроничар Панајотис Араванитос („Етнографска карта на Епир“) го посочува населението на Блаци (Blatsi) како „гркојазично“.
Селото било почетна точка на грчките андартски чети во нивната борба против четите на ВМОРО за време на грчката вооружена пропаганда во Македонија (1904–1908).
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900, во Грчка Блаца живееле 2.500 жители, од кои 1.300 „Грци“ и 1.200 Власи. Меѓутоа, ваквиот етнички состав не е точен, затоа што Блаца е чисто влашка населба.
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Грчка Блаца е претставена како мешано село во Кајларската Каза на Серфиџенскиот Санџак со 350 куќи.
По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Блаца живееле 1.500 „Грци“ и 1.200 Власи и работело грчко училиште.
Во Грција По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Таа година броело дури 3.683 жители, кои во 1920 г. се свеле на 1.609 лица. Во пописот од 1928 г. е евидентирано со население од 2.239 жители.
Во 1927 г. името на селото било променето во Полинери (Πολυνέρι), во превод „многу водно [место]“. Во 1928 г. е одново преименувано, овојпат во Власти (Βλάστη).
За време на Втората светска војна, Влашка Блаца била запалена од германските окупаторски сили, а настрадала и во последователната Граѓанска војна (1946–1949), поради што поголемиот дел од жителите се раселиле во градските центри. +Места во заедницата Влашка Блаца преименувани со службен указ на 6 август 1969 годинаИмеИмеНово имеНово имеОписБаругаΜπαρρούγκαСтанесΣτάνεςврв на Сињак на ЗСЗ од Димирџилер и ЈИ од Влашка Блаца (1.384 м)КалаџикΚαλατζίκМандраΜάνδραмесност на Сињак на ЗСЗ од Димирџилер и ЈИ од Влашка БлацаДругаΝτρούγκαДолејаΦωλεάврв на Сињак на ЈИ од Влашка Блаца (1.402 м)Чекрк ЧифликΤσιφλίκι ΤσικρίκηАгиос МаркосΆγιος Μάρκοςмесност на Сињак на ЈИ од Влашка Блаца и Ј од С’лповоХалеплиΧαλεπλήПеристераΠεριστέριαврв на Сињак на З од Димирџилер и ЈИ од Влашка Блаца (1.321 м)Даут ПиргосΝταούτ ΠύργοςПиргосΠύργοςврв на Сињак на З од Пепелишта и Ј од Влашка Блаца (1.517 м)
Стопанство Населението се занимава главно со сточарство, со шумарство и помалку со производство на компири.
Население
Општествени установи
Полициска станица
Културни и природни знаменитости Цркви
Црква „Св. Никола“ — најстара црква од 1761 г. Црква „Св. Димитриј“ — манастирска црква, изградена во 1774 г. Црква „Св. Марко“ — подигната во 1856 г. Црква „Св. Ѓорѓи“ — подигната во 1818/1820 г. Црква „Св. Пантелејмон“ — манастирска црква надвор од селото
Личности мини|Свадбата на синот на андартот Илијас Кундурас во Блаца, почеток на XX век Родени во Влашка Блаца Андреј Багаву (1857–1888) — педагог и поет Антониос Керамопулос (1870–1960) — грчки археолог Карамицо (1782–1835) — учесник во Грчката војна за независност Константин Бели - Македонецот (1770–1838) — австриски благородник Стерјо Думба (1794–1870) — австриски општественик Теодорос Думба (1818/1820–1880) — австриски трговец
По потекло од Влашка Блаца Димитрие Љотиќ (1891–1945) — српски фашистички деец. Николаус Думба (1830–1900) — австриски индустријалец и либерален политичар
Наводи
Категорија:Влашка Блаца