Кула или Кулата (, Палеокастро; до 1927 г. Κούλα, Кула) — село во Серско, Егејска Македонија, денес во општината Долна Џумаја на Серскиот Округ, Грција. Населението брои 721 жител (2011). Сè до 1924 г. било населено исклучиво со Македонци.

Во минатото се нарекувало Серска Кула, за да се разликува од блиското село Кулата (Петричка Кула) во Пиринска Македонија, денес во Бугарија.

Географија и местоположба Селото е сместено во Серското Поле, на 11 км северозападнно од градот Сер и на 9 км североисточно од селото Просеник, во западното подножје на планината Шарлија, на надморска височина од 70 м. Крај селото се наоѓа Кулскиот манастир и патот Сер-Валовишта (ЕО63).

Историја

Во Отоманското Царство Во XIX век Кула било македонско село во Серската Каза на Серскиот Санџак. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. во Кулата (Koulata) имало 52 домаќинства и 157 жители Македонци.

Во 1891 година Георги Стрезов за селото напишал:Селото било под влијание на Бугарската егзархија. Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г., во селото Кула имало 510 жители, сите Македонци. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Кула имало 520 Македонци под врховенство на егзархијата и во селото работело бугарско училиште.

По Младотурската револуција чифликот им е продаден на жителите. Во 1910 г. егзархискиот инспектор во Сер Константин Георгиев вели дека главниот учител во селото бил Георги Трајчев од Прилеп.Галчев, Илия. „Българската просвета в Солунския вилает“, УИ, 2005, София, стр. 142. Во училиштето имало 30 ученици, од кои 19 машки и 11 женски.Трайчев, Георги. „Манастирите в Македония“, С., 1933, стр. 188.

Во Првата балканска војна, 16 лица од селото се вклучиле во Македонско-одринските доброволни чети.

Во Грција За време на Првата балканска војна Кула е окупирана од Бугарија, но по Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор, кога броело 240 жители. Нивниот број во 1920 г. се намалил на 182.

Под притисок од грчките власти, голем број Македонци принудно биле иселени во Бугарија (во Петричко и Перничко), а на нивно место се населиле 46 бегалски семејства (вкупно 182 бегалци), така што селото станало мешана населба. Во 1927 година, името на селото било променето во Палеокастро (Παλαιόκαστρο).

Во 1941 г. селото е окупирано од бугарски единици, но по нивното привлекување во 1944 година, уште 10 семејства се иселиле во Бугарија.

Стопанство Населението произведува жито, тутун и други земјоделски производи. Бидејќи селото располага со планински пасишта, внимание му се посветува и на сточарството.

Население

Самоуправа и политика Во 1954 година, селото станало самостојна општина, а атарот на општината опфаќал површина од 18,6 квадратни километри. Општината Мелникич била приклучена во општината Просеник во 1997 година, која била укината во 2011 година и станала дел од поголемата општина Долна Џумаја.

Селото припаѓа на општинската единица Просеник со седиште во истоименото село, која припаѓа на поголемата општина Долна Џумаја, во округот Сер. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Кула, во кој е единствено село.

Културни и природни знаменитости Верски објекти Кулски манастир („Воздвижение на Чесниот Крст“) од 1880 г. Црква „Св. Димитриј“ од 1983 г.

Личности мини|388x388пкс|Андон Јанакиев од с. Волак и Ангел Дончев од с. Кула Родени во Кула

Ангел Дончев (1881 - ?) — револуционер на ВМРО и борец во Македонско-одринските доброволни чети Андон Христов (1877 - ?) — борец во Македонско-одринските доброволни чети, I чета на XI Серска дружина Аргир Хаџиев — борец во Македонско-одринските доброволни чети, во четата на Георги Занков, Нестороева чета на XI Серска дружина Атанас Стоев (1885 - ?) — борец во Македонско-одринските доброволни чети, во четата на Георги Занков, I чета на XI Серска дружина Васил Георгиев (1886 - ?) — борец во Македонско-одринските доброволни чети, во четата на Георги Занков, I чета на XI Серска дружина Велик (Велико) Златков (1881 - ?) — борец во Македонско-одринските доброволни чети, во четата на Георги Занков, III чета на XI Серска дружина Велко Георгиев (1887 - ?) — борец во Македонско-одринските доброволни чети, во четата на Георги Занков, III чета на VII Кумановска дружина Георги Василев (1887 - ?) — борец во Македонско-одринските доброволни чети, во четата на Георги Занков, I чета на XI Серска дружина Георги Григоров (Глигоров) (1882 - ?) — борец во Македонско-одринските доброволни чети, во четата на Георги Занков, I чета на XI Серска дружина Димитар Гостелинов — борец во Македонско-одринските доброволни чети, во четата на Георги Занков Димитар Костадинов (1887 - 1922) — борец во Македонско-одринските доброволни чети, I чета на XI Серска дружина Димитар Јанев — борец во Македонско-одринските доброволни чети, во четата на Георги Занков, I чета на XI Серска дружина Дино Гушев — револуционер на ВМРО Митруш Дончев (Дончов, 1871 - ?) — борец во Македонско-одринските доброволни чети, во четата на Георги Занков, I чета на XI Серска дружина Никола Анд. Кулски — борец во Македонско-одринските доброволни чети, IV чета на XIII Штипска дружина Никола Антонов — борец во Македонско-одринските доброволни чети, во четата на Таската Серски Иван Костадинов (1872 - ?), — борец во Македонско-одринските доброволни чети, IV чета на X Прилепска дружина, I чета на XI Серска дружина Тома Толев (Талев, 1872 - ?) — борец во Македонско-одринските доброволни чети, во четата на Георги Занков, I чета на XI Серска дружина

Наводи

Надворешни врски Говорот на селото Кула - Серско, лингвистичка монографија на Веселинка Лаброска, 2003 г.

Категорија:Долна Џумаја