Средна Маала или Орта Маала (, Месеја; до 1927 г. Ορτά Μαχαλέ, Орта Махале, Ορτά Μαχαλά, Орта Махала) — поранешно село во Валовишко, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Синтика на Серскиот Округ, Грција. Било населено со Јуруци.
Географија Селото се наоѓало на најисточните падини на Беласица, источно од денешната бугарско-грчка граница.
Историја Во Отоманското Царство На крајот од XIX век селото било дел од селата Јуруклери во Петричката Каза, во кои влегувале Горна Маала (Дере Маала) и Долна Мала (Ашаја Маала). Трите села понекогаш се сметале за едно, наречено Јурук Маало, на македонски наречено и Тополник.
Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Тополник (Topolnik) е село во 76 домаќинства на 190 жители муслимани.
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г. Средна Маала (Срѣдня Махала) било село во Петричката Каза со 390 жители, сите Турци. Истовремено во Демирхисарска кааза К’нчов посочува и село Средни Тополник (Срѣдни Топалникъ) со 450 жители Турци.
Во 1905 г., според Крсте Петков Мисирков, село Стредната Мала било македонско со 25 куќи.
Во Грција По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Истата година селото е заведено со 478 жители. На 28 декември 1919 г. е создадена општината Дере Маала, во која влегле Горна и Долна Маала, јуручкото село Хан Дере и македонското село Тополница. Во 1920 г. селото имало 434 лица. Во 1924 г. по сила на Лозанскиот договор населението како муслиманско е иселено во Турција, а на негово место се доселени грчки колонисти. Така, во 1928 г. Средна Маала е претставена како чисто дојденско село со 502 жители (153 семејства).
Во 1940 г. Средна Маала е евидентирана со 295 жители, од кои 210 биле мажи, што значи дека тука била сместена погранична воена единица. Селото е евакуирано со воена заповед на 13 март 1941 г. малку пред германската инвазија, и населението е преместено во блиски села, па и други делови на Грција. По војната тоа не било обновено бидејќи е гранично. Отпишано е во 1961 г. Атарот е припоен кон оној на Ветрен, каде се префрлиле голем дел од жителите.
Наводи
Категорија:Историски села во Синтика