Хоџово или Хоџов Чифлик (, Ано Каридија; до 1927 г. Χότζιοβο, Хоѕјово) — поранешно село во Серско, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Синтика на Серскиот Округ, Грција. Сè до 1920-тите било населено со Македонци.
Географија Селото се наоѓало на 37 км северно од Сер и на 22 км северно од Валовишта. Лежело во Светиврачко-петричката Котлина во северното подножје на Сенгелска Планина. Сместено е на границата со Пиринска Македонија, на десниот брег на реката Батак Дере.
Историја Во Отоманското Царство На крајот од XIX век Хоџово било македонско село во Демирхисарската каз а на Серскиот Санџак. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Хоџово (Hodjovo) било село со 40 домаќинства на 140 жители Македонци.
Во 1891 г. Георги Стрезов напишал за селото:
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. во Хоџов Чифлик живееле 150 Македонци.
Сите жители на селото биле под врховенството на Бугарска егзархија. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Хоџа Чифлик (Hodja-Tchiflik) имало 280 Македонцим, сите егзархисти.
Во Грција За време на Првата балканска војна селото е окупирано од Бугарија, но по Втората балканска војна во 1913 г. е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Таа година населението броело 222 жители, а во 1920 г. во селото се попишани 208 лица. Во 1920-тите целото население на селото се преселило во новооснованото Ново Хоџово преку границата во Пиринска Македонија, на неполн километар од Хоџово. На негово место власта довела грчки колонисти. Во 1926 г. селото е преименувано во Ано Каридија. На пописот од 1928 г. селото е претставено како чисто дојденско со 126 жители (38 семејства).
Во 1940 г. Хоџово населението се накачило на 172 лица. Во 1941 г. жителите го напуштиле селото поради бугарската окупација, така што таа година Хоџово е заведено како напуштено. По војната селото не е обновено од стратешки причини поради неговата гранична местоположба.
Личности Илија Петров — борец во МОО, четата на Георги Занков, I чета на VI Охридска дружина
Наводи
Категорија:Историски села во Синтика