Џаферли (, Ѕаферли) — поранешно село во Валовишко, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Синтика на Серскиот Округ, Грција.
Географија Селото се наоѓало во пазувите на Беласица, источно од Горно Порој.
Историја Во Отоманското Царство На крајот од XIX век Џаферли било село во Демирхисарската Каза на Серскиот Санџак. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Џаферли Чифлик (Djaferli-tchiflik) било село со 24 домаќинства на 70 жители Македонци.
Во 1891 г. Георги Стрезов напишал за селото:
Според Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Џаферли броело 100 жители Македонци и 50 Роми.
По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Џеферли (Djeferli) имало 120 Македонци, сите под врховенството на Цариградската патријаршија.
Во Грција По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Таа година во него се попишани 44 жители Селото настрадало за време на Првата светска војна, и затоа грчката воена статистика во 1915 г. го води како напуштено. На британска рововска карта од 1918 г. изработена според воздушни снимки се забележуваат 17 запустени градби. Во 1920 г. во селото се попишани 5 жители.
Во 1927 г. селото е отпишано.
Наводи
Категорија:Историски села во Синтика Категорија:Беласица