Шугово (, Платанакија; до 1922 г. Σιούγκοβα, Сугова) — село во Валовишко, Егејска Македонија, денес во општината Синтика на Серскиот Округ во областа Централна Македонија, Грција. Населението брои 411 жители (2021). Сè до 1923 г. било населено со Македонци и Турци.

Географија и местоположба Селото се наоѓа на околу 63 километри северозападно од градот Сер и на 30 километри од Валовишта, во падините на Беласица, на надморска височина од 320 м.

Историја

Во Отоманското Царство Во отоманскиот збирен даночен список на немуслиманското население од вилаетот Тимур Хисар од 1616-1617 година селото е наведено под името Шугова со 133 домаќинства.Турски извори за българската история, т. VII, София 1986, с. 228.

Во XIX век Шугово било мешано македонско-турско село во Серската Каза на Серскиот Санџак. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. во Шугово (Chougovo) имало 250 домаќинства со 340 жители Македонци и 300 муслимани.

Во 1891 година Георги Стрезов за селото напишал: Христијанското население било под влијание на Бугарската егзархија. Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г., во селото Шугово имало 1.350 жители, од кои 850 Македонци и 500 Турци. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Шугово имало 1.800 Македонци под врховенство на егзархијата и во селото работело бугарско училиште.

Во Првата балканска војна, 27 лица од селото се вклучиле во Македонско-одринските доброволни чети.

Во Грција За време на Првата балканска војна селото е окупирано од Бугарија, но по Втората балканска војна во 1913 г. е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Таа година селото броело 511 жители, кои поради војните во 1920 г. се намалиле на 295 лица. Во 1922 година, името на селото било променето во Платанакија (Πλατανάκια).

Во 1923-1924 г. по сила на Лозанскиот договор муслиманското население е иселено во Турција, а вкупно 535 Македонци принудно биле иселени во Бугарија. На нивно место се населиле 254 бегалски семејства (вкупно 976 бегалци), така што селото повторно станало мешана населба.

Стопанство Населението произведува многу костени, како и компири, жито и други земјоделски производи, а внимание му се посветува и на сточарството и краварството.

Население

Самоуправа и политика Во 1926 година, селото станало самостојна општина, чиј атар зафаќал површина од 29 квадратни километри. Општината Шугово била приклучена во општината Валовишта во 1997 година, која била укината во 2011 година и станала дел од поголемата општина Синтика.

Селото припаѓа на општинската единица Беласица со седиште во селото Станица Порој, која припаѓа на поголемата општина Синтика, во округот Сер. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Шугово, во кој е единствено село.

Личности мини|Мито Кехајов Родени во Шугово

Георги (Гого) Кехајов (1875 - 1912) — македонски револуционер Илија Гегов — македонски револуционер Костадин Георгиев Ангов — борец во Македонско-одринските доброволни чети, IV чета на XIV Воденска дружина Коста Димитров — македонски револуционер на ВМРО, во четата на Трифун Аџаларски„Дневник на четите, изпратени в Македония от пункт Кюстендил. 1903-1908“, ДА - Враца, ф. 617к, оп.1, а.е.1, л.54 Мито Кехајов — македонски револуционер на ВМРО Коста Димитров — борец во Македонско-одринските доброволни чети, во четата на Ташо Стојанов Велика Кирова Кландева — учесник во НОВ на Македонија

Наводи

Категорија:Синтика Категорија:Беласица