Јордан Витанов (Велес, ) — македонски театарски и филмски глумец и режисер.

Животопис Витанов е роден на 13 јануари 1958 година во тогашен Титов Велес. Живее и работи во Велес, а по родителите води потекло од велешките села Грнчиште каде особено ја помогнал обновата на селската цркваСпоред кажување на мештани. Забележали Марио Шаревски, Тони Ристовски, Ѕвонко Петровски на 8 декември 2015 и Горно Чичево. Дипломирал на отсекот за глумечка игра на Факултетот за драмски уметности во Скопје во 1986 година. Од 1987 година, тој е член на Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов Џинот“ во Велес, каде во два мандата (1999-2002 и од 2006-2017) бил и директор на истиот. Покрај во театарот, остварил улоги и во повеќе играни филмови и телевизиски серии.

Од многуте забележителни остварувања посебно треба да бидат истакнати улогите на Содо Арамијата во претставата „Крчма на патот за Јевропа“ од Жанина Мирчевска, во режија на Коле Ангеловски. За оваа улога Јордан Витанов ја добил наградата за најдобра машка улога на Театарскиот фестивал „Војдан Чернодрински“ во Прилеп. Добитник е на награда за најдобра машка улога на Меѓународниот театарски фестивал „Боспорски Агони“ во Керч, Украина, за улогата на ликот Филоктет во истоимената претстава, во режија на Мето Јовановски. Јордан Витанов е добитник и на Деветоноемвриска награда на Општина Велес. Покрај на матичната сцена, остварувал и повеќе ангажмани во други театарски куќи низ државата.

Театрографија Улоги во Театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ - Велес:

„Свадба“ - Коле - автор: Васил Иљоски, режија: Благој Анчевски, 1976 „Медеја“ - Стражарот - автор: Робинсон Џеферс, режија: Владимир Гравчев, Ристо Мајсторов, 1977 „Цар Тројан“ - Генерал II - автор: Милош Тасиќ, Радивое Живковиќ, режија: Александар Ѓеоргиев, 1981 „Расколникот од Хетиим/Џинот“ - Третиот маж - автор: Георги Сталев, режија: Ристо Мајсторов, 1983 „Слуга на двајца господари“ - Флориндо - автор: Карло Голдони, режија: Александар Ѓеоргиев, Благој Анчевски, 1983 „Гроф Миливој“ - Столе - автор: Ристо Крле, режија: Младен Крстевски, 1983 „Кукавичино јајце“ - Главниот доктор - автор: Љупчо Силјановски, режија: Ѓорѓи Бисерков, 1984 „Сомнително лице“ - Милисав - автор: Бранислав Нушиќ, режија: Петре Прличко, 1984 „Крал Иби“ - Бугрелав - автор: Алфред Жари, режија: Стојан Стојаноски, 1986 „Дон Жуан“ - Дон Алонзо - автор: Жан Батист Поклен Молиер, режија: Коле Ангеловски, 1987 „Хамлет од Долно Дивјаци“ - Јоце - автор: Иво Брешан, режија: Душан Наумовски, 1987 „Смртта на Тарелкин“ - Максим Кузмич Варавин - автор: Александар Васиљевич Сухово-Кобилин, режија: Стојан Стојаноски, 1988 „Болница на крајот од умот“ - автор: Иван Карадак, Љупчо Силјановски, режија: Димитар Станкоски, 1988 „Последниот балкански вампир“ - Курта - автор: Дејан Дуковски, режија: Димитар Станкоски, 1989 „На сечило“ - Корен - автор: Бранко Варошлија, режија: Душан Наумовски, 1989 „Кристално срце“ - Докторот - автор: Лев Устинов, режија: Благој Андреев, 1989 „Пречистување“ - Софијан - автор: Сашко Насев, режија: Златко Славенски, 1990 „Царскиот паж“ - Церемонијал мајсторот - автор: Јосип Палада, режија: Александар Ѓеоргиев, 1990 „Брачни понуди“ - Смирнов - автор: Антон Павлович Чехов, режија: Младен Крстевски, Јордан Витанов, 1991 „Крчма на патот за Јевропа“ - Содо Арамијата - автор: Жанина Мирчевска, режија: Коле Ангеловски, 1991 „Шамокло и Августина“ - Клок - автор: Мирослав Настасиевиќ, режија: Александар Ѓеоргиев, 1991 „Нажалена фамилија“ - Трифун - автор: Бранислав Нушиќ, режија: Димитар Станкоски, 1991 „Утешение грешним“ - Коте, Бојко - автор: Огнен Неделковски, Југослав Петровски, режија: Димитар Станкоски, 1992 „Електра“ - Орест - автор: Еврипид, режија: Стојан Стојаноски, 1992 „Џинот и седумте џуџиња“ - Огледалото, Селјако, Хор - автор: Дејан Дуковски, режија: Александар Поповски, 1992 „Време за сонување“ - автор: Војдан Чернодрински, Антон Панов, Ристо Крле, Горан Стефановски, режија: Златко Славенски, 1993 „Одам на лов“ - Дишотел - автор: Жорж Фејдо, режија: Димитар Станкоски, 1993 „Антигона“ - Креонт - автор: Софокле, режија: Стојан Стојаноски, 1993 „Грешните се утешија“ - Коте, Бојко - автор: Огнен Неделковски, Југослав Петровски, режија: Димитар Станкоски, 1993 „Заспаниот Дедо Мраз“ - Волшебникот - автор: Југослав Петровски, режија: Стојан Стојаноски, 1993 „Змејовите заминуваат“ - Сурла - автор: Југослав Петровски, режија: Виолета Џолева, 1994 „Ревизор“ - Антон Антонович - автор: Николај Васиљевич Гогољ, режија: Димитар Станкоски, 1994 „Хекуба“ - Одисеј - автор: Еврипид, режија: Стојан Стојаноски, 1994 „Килиба“ - Вампирџијата - автор: Југослав Петровски, режија: Виолета Џолева, 1994 „Новогодишна ловечка сказна“ - Ловецот - режија: Јордан Витанов, 1994 „Арлекин - слуга на двајца господари“ - Флориндо - автор: Карло Голдони, режија: Коле Ангеловски, 1995 „Прикованиот Прометеј“ - Прометеј - автор: Есхил, режија: Виолета Џолева, 1995 „Полицајци“ - Затвореникот, Аѓутантот - автор: Славомир Мрожек, режија: Љубиша Георгиевски, 1995 „Новогодишна сказна за волкот и трите прасиња“ - Маско - режија: Јордан Витанов, 1995 „Сиво со призвук на олово“ - Мр. Дринк - автор: Владимир Предиќ, режија: Јордан Витанов, 1996 „Фортинбрас е пијан“ - Стенборг - автор: Јиржи Гловацки, режија: Коле Ангеловски, 1996 „Ифигенеја во Авлида“ - Ахил - автор: Еврипид, режија: Љубиша Георгиевски, 1996 „Царче жарче“ - Четвртиот готвач, второто дете - автор: Велко Неделковски, режија: Слободанка Чичевска, 1996 „Адвокатот Патлен“ - Тибо - режија: Димитар Станкоски, 1996 „Соната во A-mol“ - Ангелот - автор: Југослав Петровски, режија: Димитар Станкоски, 1997 „Бакхи“ - Гласникот - автор: Еврипид, режија: Стојан Стојаноски, 1997 „Четириесет маченици“ - Фетисов - автор: Христо Бојчев, режија: Димитар Станкоски, 1997 „Натпревар за мразонаследникот на Дедо Мраз“ - Боцкало - автор: Афродита Кирјаковска, режија: Слободанка Чичевска, 1997 „Љубовна вртелешка“ - Војникот, Грофот - автор: Артур Шницлер, режија: Љупчо Ѓоргиевски, 1998 „Сердарот“ - Првиот гега - автор: Григор Прличев, режија: Димитар Станкоски, 1998 „Маја и крадците“ - Крадецот Спиро - автор: Слободанка Чичевска, режија: Слободанка Чичевска, 1998 „Плутос“ - Блепсидем - автор: Аристофан, режија: Петрос Панамас, 1999 „Кате Карате“ - Докторот - автор: Слободанка Чичевска, режија: Слободанка Чичевска, 1999 „Комедија А“ - Фурбо - автор: Базилио Локатели, режија: Александар Илиев, 2000 „Елешник“ - Стефан (стариот) - автор: Југослав Петровски, режија: Димитар Станкоски, 2000 „Ојдип Тиранин“ - Ојдип - автор: Софокле, режија: Стојан Стојаноски, 2000 „Царската ќерка Мразулка“ - Дедо Мраз - автор: Лазар Коларовски, режија: Младен Крстевски, 2000 „Бајка за мртвата царска ќерка“ - Максим - автор: Николај Владимирович Кољада, режија: Љупчо Ѓоргиевски, 2001 „Филоктет“ - Филоктет - автор: Хајнер Милер, режија: Мето Јовановски, 2001 „Лисистрата“ - Водачот на хорот мажи - автор: Аристофан, режија: Љупчо Ѓоргиевски, 2002 „Провинциски плејбој“ - Пандолфо - автор: Душан Јовановиќ, режија: Владимир Талески, 2002 „Сонот на смешниот човек“ - Беркли - автор: Фјодор Михајлович Достоевски, режија: Александар Ивановски, 2002 „Облаци“ - Кривиот збор - автор: Аристофан, режија: Хакоб Газанчјан, 2003 „Будење“ - Кузман - автор: Трајче Кацаров, режија: Владимир Талески, 2003 „Ѕвонарот на Богородичната црква во Париз“ - Фебус - автор: Виктор Иго, режија: Благојче Божиновски, 2004 „Четвртата сестра“ - Јуриј - автор: Јануш Гловацки, режија: Александар Ивановски, 2004 „Жени во Народното собрание“ - Хремо - автор: Аристофан, режија: Петрос Панамас, 2005 „Вообразен болен“ - Арган - автор: Жан Батист Поклен Молиер, режија: Благојче Божиновски, 2005 „Хамлестија“ - Хамлет, Орест - автор: Вилијам Шекспир, Софокле, режија: Александар Ивановски, 2005 „Сомнително лице“ - Алекса Жуњиќ - автор: Бранислав Нушиќ, режија: Стојан Стојаноски, 2005 „Дон Жуан“ - Таткото - автор: Жан Батист Поклен Молиер, режија: Деан Дамјановски, 2006 „Галилео“ - Галилео - автор: Мауро Пасери, режија: Роландо Макрини, 2006 „Проклетство на изгладнетата класа“ - Вестон - автор: Сем Шепард, режија: Никола Ристов, 2007 „Да се заборави Херострат!“ - Тисаферн - автор: Григориј Горин, режија: Зоја Бузалковска, 2007 „X - Хамлет“ - Клаудиј - автор: Вилијам Шекспир, режија: Васил Зафирчев, 2007 „Птици“ - Прометеј - автор: Аристофан, режија: Стојан Стојаноски, 2008 „Мушичка“ - Менато - автор: Анџело Беолко Руцанте, режија: Никола Ристов, 2009 „Генерална проба за самоубиство“ - Капетанот, Бизнисменот, Психијатарот - автор: Душан Ковачевиќ, режија: Стојан Стојаноски, 2010 „Треперење“ - Антон Павлович Чехов - автор: Драгана Лукан-Николоски, режија: Нина Николиќ, 2011 „Онегин“ - Зарецки - автор: Александар Сергеевич Пушкин, режија: Звездана Ангеловска, 2011 „Бетија“ - Менато - автор: Анџело Беолко Руцанте, режија: Никола Ристов, 2012 „Шашардисани времиња“ - Страхил - автор: Благоја Ристески Платнар, режија: Стојан Стојаноски, 2012 „Ноќите во бел сатен“ - Благој - автор: Братислав Димитров, режија: Ненад Витанов, 2012 „Крал Лир“ - Лир - автор: Вилијам Шекспир, режија: Звездана Ангеловска, 2014 „Тартиф“ - Оргон - автор: Жан Батист Поклен Молиер, режија: Никола Ристов, 2014 „Приказни од шестиот кат“ - Судијата - автор: Драги Михајловски, режија: Деан Дамјановски, 2015 „Ана Комнена“ - Алексеј Комнен - автор: Сашо Димоски, режија: Ненад Витанов, 2017 „Свадбата“ - Свилен - автор: Ален Бол, режија: Софија Ристевска Петрушева, 2019 „Слуга на двајца господари“ - Џовани - автор: Карло Голдони, режија: Ненад Витанов, 2019 „Татко“ - Андре - автор: Флоријан Зелер, режија: Ненад Витанов, 2022 „Лепа Ангелина“ - Езакиј - автор: Благоја Ристески Платнар, режија: Љупчо Ѓоргиевски, 2023 „Едвард Втори“ - Кент - автор: Кристофер Марлоу, режија: Андриј Жолдак, 2023 „Вечера за глупаци“ - Ашамбо - автор: Франсис Вебер, режија: Ненад Витанов, 2024 „Рацин“ - Куршумот - автор: Коста Солев Рацин, режија: Дејан Пројковски, 2024 „Галеб“ - Евгениј Алексеевич Дорн - автор: Антон Павлович Чехов, режија: Александар Ивановски, 2025 „Поштарска бајка“ - Дедо Мраз - автор: Карел Чапек, режија: Александар Ивановски, 2025 „Тестостерон" - Столе - автор: Анджеј Сарамонович, режија: Синиша Евтимов, 2026

Улоги во други театри:

„Добриот доктор“ - Чехов - автор: Нил Сајмон, режија: Елена Баева, 2004, Народен театар Штип „Глоговиот џбун“ - Мето - автор: Братислав Димитров, режија: Стојан Стојаноски, 2009, Народен театар Штип „Балканот не е мртов“ - Спасе - автор: Дејан Дуковски, режија: Стојан Стојаноски, 2010, Народен театар Штип „Адвокатот Патлен“ - Тибо - режија: Ненад Витанов, 2010, Народен театар Штип „Магбет“ - Макдаф - автор: Вилијам Шекспир, режија: Стојан Стојаноски, Народен театар Куманово „Лазаревото писмо“ - Арсе - автор: Живко Чинго, режија: Љубиша Георгиевски, Народен театар Куманово „Суд“ - Дрен - автор: Коле Чашуле, режија: Владимир Талески, Народен театар Куманово „Интрига и љубов“ - Градоначалникот - автор: Фридрих Шилер, режија: Љупчо Ѓоргиевски, 2017, Народен театар Куманово „Феничанки“ - Гласникот - автор: Еврипид, режија: Стојан Стојаноски, 2009, Народен театар Струмица „Карамазови“ - автор: Душан Јовановиќ, режија: Паоло Маџели, 1984, Драмски театар Скопје „Р“ - Александар Петражицки - автор: Јордан Плевнеш, режија: Љубиша Георгиевски, 1984, Драмски театар Скопје „Раскрилување“ - Духот на Рацин - режија: Тихомир Стојановски, Поетски театар „Скрб и утеха“ Скопје „Т'га за лебедот“ - Арнаутинот - автор: Григор Прличев, Тихомир Стојановски, режија: Владо Денчов, Поетски театар „Скрб и утеха“ Скопје „Дрвеница“ - Бајан - автор: Владимир Мајаковски, режија: Владо Денчов, Поетски театар „Скрб и утеха“ Скопје „Ќелавата П“ - Господин Смит - автор: Ежен Јонеско, режија: Владо Денчов, Поетски театар „Скрб и утеха“ Скопје „Сердарот, засекогаш љубов“ - Скомрахот - автор: Тихомир Стојановски, Поетски театар „Скрб и утеха“ Скопје