Грб на претседателот на Република Македонија — официјален грб на претседателот на државата. Грбот или амблемот е усвоен на 2 декември 2009 година, изработен по иницијатива на претседателот на Македонија Ѓорге Иванов од хералдичарите Стојанче Величковски, Петар Гајдов и хералдот Јован Јоновски од Македонското хералдичко здружение.Институцијата претседател со сопствен грб

Грбот е составен од македонското знаме на штит. Под штитот со македонското знаме се наоѓа венец од македонски даб со по осум листови и осум желади.Институцијата претседател со сопствен грб Ова е првиот грб на претседателот на Македонија, до 2009 претседателот немал свој грб. Сепак, до денес, претседателот на Македонија нема свое знаме.

Опис

Грбот е составен од штит на кој е прикажано националното знаме на Македонија. Штитот е по форма ибериски штит и е обратно обрабен. Под штитот се наоѓа венец од македонски даб, кој служи како држач на грбот. Секоја гранка од македонскиот даб има по осум листа и желади, што одговара со бројот на краците од националното знаме. Вкупно се шеснаесет листа и шеснаесет желади. Боите на грбот се македонските национални бои.Грбот на претседателот на Република Македонија

Предлози во минатото

Поврзано

Знаме на Македонија Химна на Македонија Македонски лав Ѕвезда од Кутлеш Грб на Македонија

Наводи

Надворешни врски Грбот на Претседателот на Македонија

* Категорија:Национални симболи на Македонија