thumb|250px|Структурната формула на токоферолот

Витаминот Е (токоферол) е откриен во 1922 г. и е комплексно име за осум антиоксиданси: четири токофероли (α-, β-, γ-, δ-) и четири токотриеноли (α-, β-, γ-, δ-). Единствената форма која што активно се задржува во човечкото тело е α-токоферол. Тој е растворилив во масти и почесто може да се најде во растителните производи, отколку во производите од животинско потекло. Витаминот Е има важна улога во метаболизмот: се нарекува и „витамин на убавината“, бидејќи ги поттикнува бројните хемиски реакции во организмот, кои ја подобруваат состојбата на кожата. Тој е јак антиоксиданс и има позитивен ефект на сите типови на кожа. Витаминот Е првпат беше откриен во 1922 година од страна на научниците Еванс и Бишоп како непозната Б компонента потребна за размножување на женски стаорци. Студијата беше веднаш објавена, а првично супстанцијата беше насловена како „Причина Х“ и „Причина против неплодност“, а подоцна Еванс доброволно се пријави доброволно да го усвои буквата Е за тоа - по неодамнешното откритие.

Улога Витаминот Е делува на следниов начин: ја влажи кожата, го забрзува репарирањето на оштетувањата предизвикани од дејството на слободните радикали, ја штити кожата од негативните надворешни влијанија, го намалува црвенилото, настанато поради прекумерна изложеност на сонце, го спречува настанувањето на темни флеки на кожата, го намалува настанувањето на брчки и ја одржува кожата мазна и витална за подолг период.

Дози на витамин Е од 400 IU дневно, го намалуваат ризикот од оштетување на кожата поради изложеност на сонце, па истовремено се намалува и продукцијата на канцерогени клетки. Сепак, треба да се нагласи дека внесувањето на големи дози на витамин Е може да биде штетно, па затоа не треба да се земаат поголеми дози од препишаните.

Покрај оралната примена на витаминот Е, тој може да се применува и со директно нанесување на кожата, било како чист витамин Е или преку лосиони за сончање. Во случај кога се користи директно нанесување на витаминот Е на кожата, треба да се земе предвид и времето кое е потребно да витаминот навлезе во подлабокиот слој на кожата. Со други зборови, витаминот Е е потребно да се нанесе на кожата 10-20 минути пред изожување на сонце.

Извори на витамин Е Витаминот Е е мошне распространет во природата, особено во растителниот свет. Витаминот Е најмногу се среќава во растителните масла, јаткастите плодови, зеленчукот со зелени лисја (спанаќ), житариците, семките од сончоглед и тиква, како и во авокадото.

Никулците на житариците, растителните масла и маслодајните семиња се најдобри извори на витамин Е. Во месото се наоѓа само во незначителни количества. Вегетаријанскиот режим на исхрана, особено ако ги опфаќа интегралните житарици (витаминот Е се наоѓа во никулците), обезбедува големи дози на витамин Е.

Храната богата со витамин Е најдобро е да сеe јаде свежа, без да се готви. Готвената храна има 50-90% помалку витамин Е, отколку пресната. Храната богата со витамин Е треба да е добро затворена, затоа што витаминот Е е чувствителен на кислород.

Количина на токоферол на 100 грама продукти: Пченично масло - 200 мг. Сончогледово масло - 50 мг. Маслиново масло - 20 мг. Маргарин - 10 мг. Скуша - 2 мг. Пастрмка - 26 мг.

Наводи

Категорија:Витамини Категорија:Хетероциклични соединенија со два прстена