Тешово — село во Неврокопско, Пиринска Македонија, денес во општината Хаџидимово на Благоевградската област, Бугарија. Населението брои 128 жители (2024).

Географија и местоположба лево|мини|250x250пкс|Поглед во селото Селото се наоѓа во областа Мрвачко, околу 25 км југозападно од градот Неврокоп, во јужните делови на масивот Пирин, во источното подножје на врвот Св. Петар (1.757 м), на надморска височина од 960 м. Други околни врвови се Свештник (1.975 м), Муторок (1.970 м), Ѓоргов Гроб (1.560 м), Св. Константин (1.750 м), Чинило (1.417 м) и други.

Атарот на селото е најголем од околните села, во чиј простор се издигаат бројни ридови и возвишенија, меѓу кои највисоки се Чифлиштето, Кукла, Караборум, Св. Недела, Ваљов Камен, Кукул Камен итн.

Историја Во сретселото е зачувана средновековна камена кула, прогласена за споменик на културата во 1970 г.

Во Отоманското Царство Во XVIII–XIX век Тешово било едно од најголемите центри на железарството во Мрвачко. Во селото работеле бројни печки и неколку самокови, од кој последниот престанал да работи во 1916 година. Работеле и многу ковачи, кои го продавале изработеното железо во поголемите трговски центри во Егејска Македонија и Бугарија – во Валовишта, Сер, Солун, Зелјахово, Драма, Алистратик, Нигрита, Правишта, Кавала, Пазарџик, Пловдив. Кон крајот на XVIII век во селото работела и работилница за производство на ѓулиња, користени од турската војска во правишката касарна.Георгиев, Георги. „Старата железодобивна индустрия в България“. София, 1978, стр. 133 – 135. мини|339x339пкс|Султански ферман за дозвола на вршење на верски служби во црквата „Св. Димитриј“ од 1836 г. Црквата „Св. Димитриј“ била изградена во 1843–1844 г. Во 1858 г. е отворено грчко училиште, придонесувајќи кон погрчувањето на тамошните Македонци. Во 1873 година било претворено во егзархиско училиште, каде предавал Иван Поп Николов до 1880 г.

Во XIX век Тешово било големо македонско-турско село во Неврокопската Каза на Серскиот Санџак. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. во Тешево (Téchévo) имало 159 домаќинства и 65 жители муслимани и 470 жители Македонци. Во 1889 г. Стефан Верковиќ („Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи“) го обележал Тешјуво со 130 македонски и 23 турски домаќинства.

Во 1891 година Георги Стрезов за селото запишал:Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г., во селото Тешово имало 1.380 жители, од кои 1.200 Македонци, 120 Турци и 60 Роми. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Тешово имало 1.600 Македонци под врховенство на Бугарската егзархија. Во селото работело бугарско училиште со 1 учител и 58 ученици.

Во извештај поднесен на митрополитот Иларион Неврокопски од 1909 г. се вели:Во Првата балканска војна, 9 лица од селото се вклучиле во Македонско-одринските доброволни чети.

Во Бугарија По крајот на Втората балканска војна во 1913 г. селото е припоено кон Бугарија согласно Букурешкиот договор. Население Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години +Година1934194619561965197519851992200120112021Население1.2371.3991.3541.297933643554309187131 Извор за 1934-2021 г.: Државен завод за статистика на Република Бугарија.

Културни и природни знаменитости Цркви

Црква „Св. Димитриј“ — главна селска црква, изградена во 1843–1844 г.

Кули

Тешовска кула — средновековна кула во сретселото

Редовни настани Селски слави

Митровден (26 октомври) — селска и црковна слава Петровден (29 јуни) — празничен собор

Личности мини|Атанас Тешовски Родени во Тешово Атанас Шабанов-Тешовалијата (1866–1905) — македонски револуционер и војвода на ВМОРО Вангел Јалов (?–1891) — ајдутин Иван Поп Николов (1853–1912) — македонски просветен деец и револуционер Никола Мечев (1869–1938) — македонски ајдутин и револуционер на ВМОРО Починати во Тешово

Георги Рачков (1892–1931) — македонски револуционер, роден во Горно Броди

Литература

Пелтеков, Александър. „Тешово“, Второ поправено и допълнено издание, София, 2006, 216 стр.

Наводи

Категорија:Општина Хаџидимово Категорија:Села во Пиринска Македонија