Поединечните натпревари во женска конкуренција во уметничко лизгање на Зимските олимписки игри 2010 се одржаа на 23 и 25 февруари.
На 23 февруари, со почеток во 16:30 по месно време (UTC-8) се одржа кратката програма, а на 25 февруари, со почеток во 17:00 слободната програма.
Во слободната програма, учество обезбедија најдобрите 24 лизгачи од кратката програма.
На натпреварите учествуваа 30 лизгачки од 23 земји, меѓу кои златниот медал го освои Ким Ју На од Јужна Кореја.
Освојувачи на медали ЗлатоСреброБронза Ким Ју На Мао Асада Џоан Рошет
Надворешни врски ISU Communication № 1589 Уметничко лизгање на официјалното мрежно место на игрите