Водачи Претседател - Киро Глигоров Премиер - Бранко Црвенковски Претседател на Собранието - Стојан Андов (до 6 март); Тито Петковски (од 6 март)

Настани јануари thumb|десно|100px|Светска здравствена организација thumb|десно|100px|Кофи Анан 3 јануари -Во Скопје почна со работа канцеларијата за врски на Светската здравствена организација. 4 јануари - Република Македонија и Република Таџикистан воспоставија дипломатски односи. 10 јануари - Генералниот секретар на Обединетите нации Кофи Анан ја посети Република Македонија. 10 јануари - Претседателот Глигоров се врати на својата работна должност. 10 јануари - Република Македонија и Европската унија воспоставија дипломатски односи. 16 јануари - Одржано е основачко собрание на партијата Македонска алијанса. Регистрирана е на 22.03.1996 година, а промовирана на 14.06.1996 година. За претседател на партијата е избран Ѓорѓија Атанасовски. 17 јануари - Во Скопје и во Атина се отворени канцелариите за врски на Република Македонија и на Република Грција. 17 и 19 јануари - извршена е размена на писма со кои е склучена Спогодбата за безбедносни аранжмани меѓу РМ и НАТО. 25 јануари - Република Македонија и Белиз воспоставија дипломатски односи. 30 јануари - Како прилог на весникот „Вечер“ излезе првиот број на весникот „Занаетчија“, гласило на Здружението на занаетчиски и други самостојни стопанственици на град Скопје - Стопанска комора на Македонија.

февруари 1 февруари - Советот за безбедност на ООН го прифати предлогот на генералниот секретар на ООН од овој датум силите за превентивно распоредување на ООН (УНПРЕДЕП), да станат целосно независна операција во Р Македонија. 2 февруари - Во Скопје е потпишан меморандум за отворање британски информативен центар. 8 февруари - Аргентина ја призна Република Македонија. 12 февруари - Република Македонија и Република Гана воспоставија дипломатски односи на амбасадорско ниво. 14 февруари - Република Македонија и Република Бангладеш воспоставија дипломатски односи на амбасадорско ниво. 16 февруари - Европскиот парламент донесе одлука за пристапување на Република Македонија во Европската програма ФАРЕ за помош и развој на земјите од Средна и Источна Европа. 19 февруари - Советот на Театарските игри „Војдан Чернодрински“ донесе одлука оваа манифестација во иднина да се одржува под името „Македонски театарски фестивал“. 19 февруари - Во Њујорк официјално започна со работа генералниот Конзулат на Република Македонија. 23 февруари - реконструкција на Владата на Бранко Црвенковски, Либералите излегуваат од коалицијата. 27 февруари - Република Македонија и Република Грција воспоставија дипломатски односи на амбасадорско ниво.

март thumb|десно|100px|Кристофер Хил thumb|десно|100px|Насловна страна од весникот Дневник thumb|десно|100px|МАНУ 6 март - Собранието на Р Македонија за нов претседател (по оставката на Стојан Андов) на Собранието го избра Тито Петковски. 11 март - Република Македонија стана полноправен партнер во PHARE Програмата (Poland and Hungary: Assistance for Reconstruction of their Economies) 11 март - Р Македонија е примена за 39. рамноправна членка во Северноатлантскиот совет за соработка. 11 март - Со одлука на Советот на европските министри, Р Македонија е примена во Клубот на земјите-членки на ФАРЕ. 14 март - Основано е Македонско астрономско друштво. 14 март - Република Македонија и Република Литванија воспоставија дипломатски односи на ниво на амбасадори. 18 март - Претседателот на САД, Бил Клинтон го именува Кристофер Хил за амбасадор во Република Македонија. 20 март - Во Скопје, во издание на приватното претпријатие "Круг", излезе првиот број од весникот Дневник. 20 март - започнати преговори за склучување на Спогодба за соработка помеѓу Република Македонија и Европските заедници, како и Спогодба за транспорт. 25 март - Владата на Република Македонија ја утврди платформата за членство на земјата во ЕУ. 22 март - Македонската академија на науките и уметностите е примена за член на Асоцијацијата на европските академиии. 28 март - Во Скопје почна со работа Македонската берза на долгорочни хартии од вредност, прв пазар на капитал во Р Македонија.

април 8 април - потпишана спогодба за регулирање на односите со СР Југославија. 12 април - Владата на Република Македонија ги прифати Правилата за однесување на НАТО. 18 април - Република Македонија и Република Руанда воспоставија дипломатски односи на ниво на амбасади. 24 април - Владата на Република Македонија донесе одлука за основање „Служба за реципрочна безбедност и заштита на информациите меѓу Владата на РМ и НАТО“. 25 април - Република Македонија и Хондурас воспоставија дипломатски односи на ниво на амбасади.

мај 9 мај - претседателот Глигоров во Елисејската палата во Париз врачи свечена изјава со која Македонија стана потписник на Париската повелба за нова Европа. Освен ова, претседателот има и средба со францускиот колега, Жак Ширак. 12 мај - во Брисел на свечената седница на Северноатлантскиот совет на НАТО и РМ беше обострано прифатена Поединечната програма на РМ во рамки на ПзМ за 1996 - 1998 година. 27 мај - Република Македонија и Обединетите Арапски Емирати воспоставија дипломатски односи на ниво на амбасади. 30 мај - склучен е Договорот меѓу државите страни на НАТО и другите држави учеснички во ПзМ во врска со Статусот на нивните сили (СОФА) и Дополнителниот протокол на Договорот. Ратификувани на 4 јуни 1996 година. Присутните (94) пратеници во Собранието на РМ, едногласно го донесоа Законот за ратификација на Договорот, а уредување на статусот на силите на земјите членки на Северноатлантската одбранбена алијанса и ПзМ. Договорот стапи во сила на 19 јули 1996 година.

јуни 8 јуни – Спречено е одржувањето на конгресот на ОМО Илинден закажан во Американскиот универзитет во Благоевград. 14 јуни – Во Брисел, во седиштето на НАТО, отворена е македонска канцеларија за врски. 20 јуни – во Брисел се склучени Спогодбата за соработка помеѓу Република Македонија и Европските заедници и Спогодбата за транспорт. Истите беа потпишани на 29 април во Луксембург. 21 јуни – Македонија и Туркменистан воспоставија дипломатски односи на амбасадорско ниво.

јули 12 јули – Македонија воспостави дипломатски односи со Авганистан и Малта. 14 јули – Единица на АРМ замина за Албанија, каде што учествуваше на мултинационалните воени маневри "Мировен орел '96". Тоа е прва вежба од таков вид на единица на АРМ. 24 јули – Околу 300 етнички Албанци протестираа низ улиците во Скопје, барајќи ослободување на пет нивни водачи и дозвола за работа на универзитетот во Мала Речица.

август

септември thumb|десно|100px|Меѓународна агенција за атомска енергија Започна да работи првиот мобилен оператор во земјата, Мобимак. Македонија пристапи кон трите конвенции на Меѓународната агенција за атомска енергија.

октомври thumb|десно|100px|Најголема победа на македонската фудбалска репрезентација 21 до 26 октомври - Во Охрид се одржа првиот дел на мултинационалната командно-штабна вежба „Спасител 96“, на која учествуваа 9 земји, членки на НАТО и ПзМ. 21 октомври - Жалба на ОМО Илинден пред Европската комисија за правата на човекот во Стразбур. 24 до 26 октомври - Во посета на РМ претстојуваше Претседателот на Северноатлантското собрание, Карстен Фогт. Тој ги поздрави македонските остварувања и вети дека Северноатлантското собрание ќе придонесе во залагањата за подобра соработка и интеграција.

ноември 9 ноември - Фудбалската репрезентација на Македонија го победил Лихтенштајн на гостински терен со 11-1. Ова е најголема победа во историјата на македонската фудбалска репрезентација.

декември 30 декември - Министерството за надворешни работи на Република Македонија соопшти дека Македонија и Оман воспоставија дипломатски односиwww.a1.com.mk.

Култура Музика Основана е групата SMUT. Се најдобро, албум на Владо Јаневски. Далеку е небото, албум на Владо Јаневски. Лице гори, албум на Анастасија. Вдахновение, албум на Симеон Иванов - Канго. Љубов или Страсти, албум на Водолија. Грижа на совеста, албум на Паркети. No More, албум на Санаториум.

Филм и телевизија Самоуништување (филм) Започна да работи Телма телевизија.

Книги и списанија

Започна да излегува дневниот весник Дневник.

Критички загледувања од Бранко Цветкоски Ледно око од Блаже Миневски Балкан за деца од Блаже Миневски Клучеви на душата од Костадинка Коца Ѓорѓиевска Дневникот на една медицинска сестра од Костадинка Коца Ѓорѓиевска Нова македонска книжевност од Милан Ѓурчинов Велестовски ноќи од Ристо Јачев Патот на ангелите од Ристо Јачев Каде расте смеата од Ненад Џамбазов Здив на душата од Борис Апостолов

Објекти thumb|десно|100px|Црква „Св. Недела“ - Другово Камен темелник на црквата Св.Злата Мегленска во Сарај. Осветена е црквата Св.Димитриј во Ташмаруништа. Осветена е црквата Св.Недела во Другово.

Останато Со акт на Министерството за образование и наука, во Скопје е основано ПСУ „Јахја Кемал“. Со Законот за територијална поделба на Република Македонија и определувањето на подрачјата на единиците на локалната самоуправа, биле воведени 123 општини. Градот Скопје има седум општини: Гази Баба, Ѓорче Петров, Карпош, Кисела Вода, Центар, Чаир и Шуто Оризари.

Спорт

Фудбал ФК Силекс стана шампион по фудбал во сезоната 1995/1996 година. ФК Слога Југомагнат го освои купот на Македонија. Основан е ФК Јехона.

* Пријателски натпревари

Кошарка Годел Работнички стана шампион во Првата македонска кошаркарска лига. КК МЗТ Скопје го освои купот на Македонија.

Олимписки игри

Македонија на Летните олимписки игри 1996 и на Летните параолимписки игри 1996во Атланта учествуваше за првпат како самостојна земја. На овие Олимписки игри, македонските спортисти учествуваа во 4 спорта: пливање, кајак и кану на диви води, борење и стрелаштво и не освоија медал.

Починати thumb|лево|100px|Тома Прошев thumb|десно|100px|Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Гаврил II

3 јануари - Христо Маловски, македонски историчар. 4 јануари - Радован Перчинковски, македонски кардиолог. 24 јануари - Стојан Христов, американски писател, новинар, публицист со македонско потекло. 4 март - Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Гаврил II. 16 април - Ристо Ѓорѓевски, македонски психолог . 19 мај - Вангел Ајановски - Оче, деец на македонското национално движење (НОД) од Егејска Македонија. 31 мај - Катја Ефтимова, македонски сликар. 26 јули - Киро Андонов, македонски публицист-историограф. 12 септември - Тома Прошев, македонски композитор. 14 декември - Васка Дуганова, македонски комунистички деец. Катја Ефтимова, македонска сликарка.

Родени

Марко Нелоски, македонски ракометар. Сара Ристовска, македонска ракометарка. Пируника Киселички, македонска глумица. Андреј Магдевски, македонски кошаркар. Андреј Цветковски, македонски кошаркар.

Наводи