Водачи Претседател - Киро Глигоров Премиер - Бранко Црвенковски Претседател на Собранието - Тито Петковски
Настани јануари 1 јануари - Здружението на издавачите и книжарите на Македонија е примено во Меѓународната асоцијација на издавачите со седиште во Женева. 1 јануари - Основан е Македонски Телеком. 15 јануари - Започна да работи Телекабел. 15 до 18 јануари - РМ е официјално примена во Комитетот за воено планирање и анализа на НАТО. 30 јануари – Собранието на Република Македонија го донесува Законот за јазиците на кои се изведува наставата на Педагошкиот факултет во Скопје.
февруари февруари и март - Се одржуваат големи студентски и средношколски протести на Македонците.
март 1 март - Изгоре планинарскиот дом на Дервен, Прилепско, еден од најстарите планинарски домови во Р Македонија. (граден 1951 г.). 6 март - Најголемата штедилница во Р Македонија - ТАТ, со седиште во Битола, ставена е под принудна управа на Народната банка на Р Македонија. Види: Афера ТАТ 17 март - Во Скопје се одржаа консултации РМ-НАТО за Процесот на преглед и планирање ПАРП. Делегацијата на НАТО беше предводена од Франк Боланд, началник на отсекот за планирање на силите на НАТО и одговорен за спроведување на ПАРП во земјите партнери. 24 март – Во Скопје започна Главната конференција на првата мултинационална вежба што се одржа во Република Македонија од 11 до 17 мај 1997 година – "Спасител '97". 24 март – Генералниот секретар на НАТО, Хавиер Солана допатува во прва официјална посета на Република Македонија.
април 16 април - во Брисел Република Македонија е примена во процесот на ПАРП. 17 април - се одржа третиот по ред Поединечен интензивиран дијалог РМ-НАТО по Студијата за проширувањето на НАТО. 19 април - Демократската и Либералната партија се обединија, формирајќи ја Либерално демократската партија. 20 април - Активисти на ОМО Илинден не се пуштени од бугарската полиција до гробот на Јане Сандански кај Роженскиот манастир. Собирот е забранет од окружниот прокурор и кметот на град Сандански. Автобус со 30 луѓе е сопрен кај село Лозеница и вратен назад. Двајца Македонци се жалат дека се тепани од полицајци кај село Ново Делчево. Едниот го документира со медицинско сведоштво. 29 април - Во Луксембург, Република Македонија и Европската Унија ја потпишаа спогодбата за соработка.
мај thumb|десно|100px|Хавиер Солана 5 мај – Уапсени се 15 луѓе од ОМО Илинден при обид за чествување 94-годишнината од смртта на Гоце Делчев. 12/16 мај – На воениот полигон Пепелиште, кај Неготино, е одржана мултинационалната воена вежба "Спасител '97", прва од ваков вид организирана на територијата на Република Македонија. 24 мај - Генералниот секретар на НАТО, Хавиер Солана допатува во прва официјална посета на Република Македонија. 24 мај - Во Скопје започна главната Конференција за првата мултинационална воена вежба, што се одржа во Република Македонија. 25 мај - Кинотеката на Македонија е примена за рамноправен член на Меѓународната асоцијација на филмските архиви. 29 мај - Во Скопје е родена првата четворка во Р Македонија (3 женски и 1 машко бебе). Родителите се од Штип.
јуни thumb|десно|100px|Филолошки факултет „Блаже Конески“ - Скопје 4 јуни - Филолошкиот факултет во Скопје, го доби името "Блаже Конески", значи - Филолошки факултет "Блаже Конески". 9 јуни - Претседателот Киро Глигоров во официјална посета на Кина„Македонија е сè што имаме“, Киро Глигоров (2001), стр. 550.. 12 јуни - Република Македонија и Република Џибути воспоставија дипломатски односи на амбасадорско ниво. 15 јуни - Претседателот Киро Глигоров официјално во посета на САД, по покана на Бил Клинтон.
јули 4 јули - Основана е Демократска партија на Албанците. 8 јули - Усвоен е Законот за употреба на знамињата, со кој е регулирана употребата на македонското државно знаме, а е забранета употребата на знамиња на други држави во државните и локалните институции. 9 јули во Гостивар и Тетово се случиле т.н. Деветтојулски нереди. На општинските згради во Тетово и Гостивар било истакнато албанското знаме. Како резултат на тоа, македонската полиција се судрила со демонстрантите во Тетово, при што тројца Албанци биле убиени, а 312 уапсени.
август 22 – 31 август – Во Пепелиште се одржа билатералната "Медицинска вежба '97-2".
септември 3 септември - Кај село Жидилово, кај Крива Паланка, пристигна природниот гас во Р Македонија.
октомври ноември 2 ноември - Македонија учествува на Првиот балкански самит на Крит. 13 ноември - Петнаесет земји, меѓу кои и Р Македонија, ја потпишаа Европската конвенција за националностите. 18 ноември - Делегација на Армијата на Р Македонија, при посетата на Турција, го пронајде и го фотографира крушевското црешово топче од периодот на Илинденското востание. Топчето е откриено во Воениот музеј на Армијата на Турција.
декември 16 декември - Поставена е бомба во основнот суд во Гостивар. 30 декември - Во Скопје излезе првиот број од магазинот „Форум“.
Култура Музика
Основана е групата Фолтин Основана е групата Лоши Деца Основана е групата Нокаут Ти си секси, албум од Александар Митевски Џипси меџик, албум од Влатко Стефановски Проповеди, албум на Симеон Иванов - Канго Мелоургија, албум на Анастасија Хазард, албум на Водолија Нокаут, албум на Нокаут
Филм и телевизија thumb|десно|100px|Џипси меџик Премиера на филмот Џипси меџик во режија на Столе Попов. Премиера на филмот Преку езерото во режија на Антонио Митриќески. Премиера на филмот Калигула. Премиера на филмот Светлини и Бои. Започна да работи Телевизија Супер Скај. Започна да работи Телекабел.
Книги и списанија
Дедо Мраз и феферони од Томе Арсовски Марко Крале и Феферона од Томе Арсовски Жедна месечина од Симон Дракул Приќе од Јован Котески Последните селани од Петре М. Андреевски Магијата на Скопје од Данило Коцевски Совршенство или совршенство од Санде Стојчевски Повисоко од животот од Бранко Цветкоски Визии. Глагол од Јовица Тасевски - Етернијан Записи од Тетово од Костадинка Коца Ѓорѓиевска Сребрени соништа од Милан Ѓурчинов Изгон на злото од Катица Ќулавкова Болното жапче од Ненад Џамбазов Монолози од Георги Арсовски Пофалба на светлината од Димитар Башевски Песни за Бојан и Бојана од Димитар Башевски Планини од картонски кутии од Гордана Михаилова Бошнакоска Пред идниот изгрев од Кирил Бујуклиев Скомраз од Паскал Гилевски Нешта над зборовите од Петко Дабески Тешка свила од Лилјана Дирјан
Објекти Осветена е црквата Св. Петка во Стенче. Камен темелник на црквата Св. Илија во Аеродром.
Останато
Спорт
Фудбал ФК Силекс стана шампион по фудбал во сезоната 1996/1997 година. ФК Силекс го освои купот на Македонија.
* Пријателски натпревари
Кошарка Годел Работнички стана шампион во Првата македонска кошаркарска лига. КК МЗТ Скопје го освои купот на Македонија. Формирена навивачката група Family Aerodrom.
Квалификации за Евробаскет 1999
Русија – Македонија 116–73 Македонија – Полска 79–72 Португалија – Македонија 64–87
Родени Никола Ѓорѓев, швајцарски фудбалер од македонско потекло. Дарио Ивановски, македонски атлетичар.
Починати thumb|десно|100px|Мајка Тереза Никола Вражалски, македонски правник. 16 јануари - Олга Милосавлева, македонска балерина. 17 јануари - Славко Поп Антовски, македонски агроном. 7 февруари - Лазар Манчевски - Пинџур, македонски поет. 6 април - Никола Минчев, македонски револуционер, воен стратег и политичар. 9 април - Стево Теодосиевски, македонски македонски естраден уметник. 19 јуни - Георги Арсовски, македонски поет. 5 септември - Мајка Тереза, католичка калуѓерка. 14 септември - , македонски писател. 11 октомври - Нијази Лиманоски, македонски етнолог.
Наводи