Иван Стоилковиќ (р. 15 февруари 1962 година во Куманово) — македонски политичар. Кој претходно ја вршел функцијата министер за односи меѓу заедниците и водач на Демократската партија на Србите во Македонија. Во 2026 година, по реконструкција на владата на Христијан Мицкоски, Стоилковиќ бил назначен за министер на локална самоуправа.

Животопис Иван Стоилковиќ е роден во српско семејство во Куманово на 15 февруари 1962 година. Основното образование го завршил во родниот град, а потоа се запишал во Гимназијата „Гоце Делчев“ во родниот град. По завршување на средното образование, се запишал на Правниот факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, студирајќи во политичко-правна насока. Женет е и има ќерка и син.

Покрај српскиот, течно зборува македонски, англиски и руски јазик . Пред да стане професионален политичар 1992-2002, бил основач и директор на приватното градежно претпријатие LAMAX CO од Куманово.

На 23 јуни 2024 година, Стоилковиќ е назначен за министер за односи меѓу заедниците во кабинетот на Христијан Мицкоски.

Политичка кариера 1986-1990, претседател на Младинскиот совет во Куманово 15.12.2001, на II-от Конгрес на Демократската партија на Србите во Македонија е избран за Претседател. 15.09.2002, на Парламентарните избори е избран за пратеник во Собранието на Република Македонија од страна на Демократска партија на Србите во Македонија. 05.11.2005, на III-от Конгрес на Демократската партија на Србите во Македонија е избран за Претседател. 05.07.2006, на Парламентарните избори е избран за пратеник во Собранието на Р Македонија. 01.06.2008, на вонредните Парламентарни избори е избран за пратеник во Собранието на Р Македонија. 15.11.2009, на IV-от Конгрес на Демократската партија на Србите во Македонија е избран за Претседател. 09.11.2013, на V-от Конгрес на Демократската партија на Србите во Македонија е избран за Претседател.

Наводи

Категорија:Живи луѓе Категорија:Политичари од Куманово Категорија:Македонски Срби Категорија:Југословенски Срби Категорија:ДПСМ Категорија:Пратенички состав 2002-2006 Категорија:Пратенички состав 2006-2008 Категорија:Пратенички состав 2008-2011 Категорија:Пратенички состав 2011-2014 Категорија:Пратенички состав 2016-2020 Категорија:Апсолвенти на Правниот факултет „Јустинијан I“ - Скопје