Скопскиот Санџак на почетокот од османлиските освојувања на Балканот припаѓал на Румелискиот Вилает. 1392 година Скопје потпаѓа под османлиска власт и станува административе центар на новоформираниот санџак. Скопскиот Санџак бил прва организирана османлиска провинција на територијата на балканските земји и база за навлегување кон север и запад.
Скопје, станува дел од Отоманското Царство на 6 јануари 1392 година. Прв отомански управител на Скопје бил Паша Јигит Бег. Следен управител бил Исак-бег, кој бил испратен да ги предводи воените операции во Србија во текот на 1439 година. Подоцна Исак-бег бил заменет од неговиот син Иса-бег Исаковиќ на позицијата санџакбег на Скопскиот Санџак.
Скопскиот Санџак е формиран околу 1553/54 година, т.е. во средина на 16 век. Во рамките на Скопскиот Санџак влегувале четири нахии, како и вакафските имоти во Скопје, Скопско, Тетово и Тетовско. Во склоп на Скопскиот Санџак влегувале нахиите: Скопска нахија, Тетовска нахија, Прилепска нахија и Кичевска нахија.Турски документи за историјата на македонскиот народ, Архив на Македонија, Скопје, 1984, том VI, книга I, стр. 7.
Пред создавањето на Скопскиот Санџак, споменатите четири нахии биле во составот на Паша-санџакот. Оригиналот на Опширниот пописен дефтер за Скопскиот Санџак (Defter-i mufassal liva-i Uskup) се чува во Главната катастарска управа во Анкара.
Во 1875 година Скопскиот Санџак влегува во состав на Битолскиот Вилает, а под негова ингеренција биле казите во: Скопје, Кумaново, Штип, Крива Паланка, Радовиш, Кочани и Кратово.
На почетокот од 20. век Скопскиот Санџак му припаѓал на Косовскиот Вилает.
Афуз-паша изградил повеќе објекти во тогашно Скопје. Подигнал занаетчиско училиште „Ислахане“, во кое учеле сиромашните деца од градот. Во училиштето имало и интернат. Ја изградил и гимназијата „Идадија - мектеби“. Ги уредил коритата на реките Вардар и Серава.vest.com.mk , Улицата Афуз-пашина е крстена по турскиот паша Афуз, пребарано на 24 мај 2010 г.
За време на Илинденското востание, 1903 година во Скопскиот Санџак, биле опожарени и подложени на поголеми или помали клања селата: Долно Трогерци (Штипско), Ново Село, Витоша, Вранинци, Просек (Кочанско), Луково (Штипско) и др. Вкупно во санџакот биле опожарени 94 куќи и испоклани 60 души.
Согласно Мирцштешките реформи, турската влада била приморана да направи реформи во управувањето со Македонија, според кои Скопскиот Санџак им бил доделен на австриски офицери.
Расформирање
Во текот на Првата балканска војна, 1912 година и на почетокот од 1913 година Скопскиот Санџак бил окупиран од Кралството Србија. Врз основа на Лондонскиот договор, потпишан на Лондонската конференција 1913 година, неговите територии станале дел од Србија.
Наводи
Категорија:Санџаци во Румелискиот Вилает Категорија:Отоманско Скопје Категорија:Косовски Вилает Категорија:Санџаци на Отоманското Царство во Европа Категорија:Држави и територии распаднати во 1913 година