Џон Р. „Џони“ Кеш (; 26 февруари 1932 — 12 септември 2003, роден како Џ. Р. КешAs of early 2010, the online store of Johnny Cash's official website sold checks that Cash had signed—and which, according to the item's listing, were "signed using Johnny's legal name, 'John R. Cash'"; JohnnyCash.com (2010). Autographs . Проверено на 20 март 2010.) — американски пејач, текстописец, глумец и автор, беше нарекуван еден од највлијателните музичари на дваесеттиот век. Иако примарно е познат како кантри-музичар, неговите песни и звуци варираа во повеќе жанрови како рокабили и рокенрол посебно на почетокот на кариерата—како и блуз, фолк и госпел. Доцна во неговата кариера, Кеш преработи неколку песни од познати рок артисти, меѓу нив и индустријал рок бендот Nine Inch Nails и поп бендот Depeche Mode.
Кеш е познат по својот длабок, бас-баритон глас; по неговиот „бум-чика-бум“ звук како на локомотива на групата Tennessee Three што го поддржува; по неговата бунтовност, заедно со тмурното и скромно однесување; по неговиот обичај на бесплатни концерти во затвори; и по неговата црна облека, со која го заработи прекарот, „Човекот во црно“. Традиционално ги почнуваше неговите концерти со, „Здраво, јас сум Џони Кеш.“
Во голем дел од музиката на Кеш, посебно во подоцнежната кариера, има теми на тага, морална болка и спасение. Негови песни се „I Walk the Line“, „Folsom Prison Blues“, „Ring of Fire“, „Get Rhythm“ и „Man in Black“. Снимаше и хумористични песни, како „One Piece at a Time“ и „A Boy Named Sue“; дует со неговата идна жена, Џун Картер, под наслов „Jackson“; како и песни за железницата како „Hey Porter“ и „Rock Island Line“.
Кеш, посветен, но проблематичен христијанин, бил окарглумецизиран како „ леќи низ кои можат да се видат американските противречности и предизвици.“ Библиски научник, напишал христијански роман со наслов Man In White, и упатил критики на Новиот завет од новата верзија на Кралот Џејмс. И покрај тоа, Кеш се декларираше како „најголемиот грешник од сите нив“ и се гледал себеси како сложен и противречен човек. Наречен е и „принц-филозоф на американската кантри-музика“.
Живот
Потекло
Кеш бил потомок на шкотско благородништво, но ова го открил откако истражувал за своите корени. По средбата со поранешен земјопоседник од Фалкланд, мајор Мајкл Кричтон-Стјуарт, го открил семејното дрво на Кеш кое датирало од 11 век во Фајф, Шкотска. Езерото Кеш Лок во Шкотска го носи името на неговото семејство. Тој како мал верувал дека бил главно Ирец и делумно Индијанец. Дури и откако дознал дека не е Индијанец неговата емпатија и сочувство не прекинале. Овие чувства се искажани во неколку песни, како „Apache Tears“ и „The Ballad of Ira Hayes“, и на неговиот албум, Bitter Tears.
Детство
Џони Кеш е роден како Џ. Р. Кеш во Кингленд, Арканзас, на Реј и Кери Кеш, израснат е во Дајес, Арканзас. На Кеш му било дадено името „Џ.Р“ бидејќи неговите родители не можеле да се согласат за име, само за иницијали. Кога се пријавил за воздухопловните сили на САД, војската не прифаќала иницијали за име, па го земал Џон Р. Кеш како негово име. Во 1955, кога потпишал со продукциската куќа Sun Records, го земал Џони Кеш како негово уметничко име. Неговите пријатели и врсници го викале Џон, додека роднините продолжиле да го викаат Џ.Р.
Кеш бил едно од седумте деца: Џек, Џоан, Луиз, Реба, Рој и Томи. Неговиот помлад брат Томи Кеш, исто така стана познат кантри пејач. На 5-годишна возраст, Џ.Р. работел на полиња со памук, пеел со семејството додека работеле. Фармата на семејството била поплавена најмалку еднаш, што го инспирирала да ја напише песната „Five Feet High and Rising“.Економските и приватни проблеми на неговото семејство за време на Големата Криза инспирирале многу од неговите песни, посебно тие за други личности кои се соочувале со исти проблеми.
Кеш бил близок со неговиот постар брат, Џек, кој во 1944 настрадал на циркулатор(електрична пила) за сечење дрва во пиланата каде работел, и бил пресечн скоро на два дела. Се мачел една недела и потоа умрел. Кеш секогаш зборува за ужасната вина која ја чувствувал за овој случај. Според Cash: The Autobiography, татко му не бил тука тоа утро, но тој и мајка му и Џек, сите имале претскажувања и претчувства за тој ден, што мајка му го терала Џек да не оди на работа туку на риболов со брат му. Џек инсистирал да оди на работа, бидејќи на семејството му биле потребни парите. На неговата смртна постела, Џек рекол дека имал визии за Рајот и ангелите. Декади подоцна, Кеш говорел дека едвај чека да го сретне брат му во Рајот. Тој напишал дека го видел џек во многу од неговите соништа, и дека Џек секогаш изгледал две години постар од возраста на Кеш која ја имал во моментот.
Најраните спомени на Кеш доминираат со црковна музика и радио. Научен од мајка му и другар од детството, Кеш започнал да свири гитара и да пишува песни како младо момче. Во средното училиште пеел на училишното радио; декади подоцна издал албум со традиционални црковни песни со наслов My Mother's Hymn Book. Бил значајно инспириран од ирската музика која свирела на радио програмата на Денис Деј и Џек Бени.
Кеш се пријавил во воздухопловните сили на САД. По основна обука во воздухопловната база Лекланд и техничка обука во воздухопловната база Брукс, двете во Сан Антонио,Тексас Кеш бил ангажиран од воздухопловните сигурносни служби на САД, како декодер на Советски трансмисии, во Ландсберг, Германија каде го оформил својот прв бенд „The Landsberg Barbarians“. На 3 јули, 1954, тој бил почесно ослободен од војската како наредник. Потоа, се вратил во Тексас.
Бракови
На 18 јули, 1951, додека бил на обука во воздухопловните сили, Кеш ја запознал 17-годишната Вивијан Либерто во ролер-скејт парк во нејзиното родно Сан Антонио. Биле заедно три недели, додека Кеш не бил префрлен во Германија на 3 години. За тоа време, си размениле стотици љубовни писма. На 7 август, 1954, по еден месец од напуштањето на восјката, се венчале во католичката црква Сент Ен во Сан Антонио. Церемонијата ја водел нејзиниот вујко, отец Винсент Либерто. Имаат четири ќерки: Розана, Кејти, Синди и Тара. Зависноста на Кеш од Алкохол и дрога, постојаните турнеи, и афери со други жении (вклучувјаќи ја неговата идна жена Џун Картер) ја натерале Либерто да поднесе документи за развод во 1966.
Во 1968, 12 години откако првпат се сретнале зад сцената на Grand Ole Opry, Кеш им предложил брак на Џун Картер, докажана кантри пејачка, за време на жива свирка во Лондон, Онтарио, се венчале на 1 март, 1968 во Френклин, Кентаки. И предложувал многупати, но таа секогаш одбивала. Иамат едно дете заедно, Џон Картер Кеш (роден на 3 март, 1970). Продолжиле да работат заедно и да одат на турнеи 35 години, до смртта на Џун Картер во 2003. Кеш умре 4 месеца подоцна. Картер е соавтор на еден од неговите најголеми хитови, „Ring of Fire,“ а добија и две Греми награди за нивните дуети.
Вивијан Либерто тврди за поинакво потекло на „Ring of Fire“ во биографијата I Walked the Line: My Life with Johnny, вели дека Кеш ја спомнал како соавторка Картер заради финансиски причини.
Кариера
Рана кариера
Во 1954, Кеш и Вивијан се преселиле во Мемфис, Тенеси, каде учел да биде радио водител. Ноќе свирел со гитаристот Лутер Перкинс и басистот маршал Грант. Перкинс и Грант биле познати како Tennessee Two. Кеш бил охрабрен да го посети студиото на Sun Records, со надеж дека ќе добие договор за снимање. По аудиција за Сем Филипс, пеејќи најчесто црковни песни, Филипс му рекол дека „госпелот“ бил непрофитабилен. Се шпекулира дека Филипс му рекол на Кеш „оди дома и греши, па врати се со песна што може да ја продадам,“ иако Кеш негира дека Филипс направил таков коментар во интервју во 2002. Кеш подцна го придобил продуцентот со нови песни во неговиот ран френетичен стил. Неговите први снимки за Sun, „Hey Porter“ и „Cry Cry Cry“, беа издадени во 1955 и се здобија со приличен успех на кантри топ-листата.
На 4 декември, 1956, Елвис Пресли наминал во студиото на Сем Филипс да го посети додека Филипс продуцирал нови траки, со пијано поддршка од страна на Луис. Кеш исто така бил во студиото и четворицата заедно почнале ненадејна музичка сесија. Филипс оставил касетите да снимаат, половина од нив биле црковни песни, зачувани се и оттогаш некои се издадени.
Следната песна на Кеш, „Folsom Prison Blues“, се искачила на 5-то место, а „I Walk the Line“ станала број 1 на листите по државата и влегла во поп листа топ 20. По „I Walk the Line“ била „Home of the Blues“, снимена јули 1957. Истата година Кеш станал првиот изведувач од Sun кој издал долгометражен албум. Иако бил најдобриот изведувач на Sun и најдобро се продавале неговите песни во тоа време, Кеш се чувствувал ограничено со договорот со мала продуцентска куќа. Елвис Пресли веќе го напуштил Sun, а Филипсго насочил вниманието кон промоција на Џери Ли Луис. Следната година Кеш ја напуштил продуцентската куќа за да потпише договор со Columbia Records, каде неговиот сингл „Don't Take Your Guns to Town“ станал еден од неговите најголеми хитови.
Во раните 60-ти, Кеш бил на турнеја со семејството Картер, што до тоа време било составено од ќерките на мајката Мејбел, Анита, Џун и Хелен. Џун, која подоцна Кеш ќе ја ожени, потоа ќе рече дека му се восхитувала за време на турнеите.
Исто така во 1961 глумел во филмот насловен Five Minutes to Live, подоцна ре-издаден како Door-to-door Maniac. Напишал и песна за воведната тема.
Имиџ на одметник
Како неговата кариера почнувала во раните 60-ти, Кеш почнал сериозно да пие станал зависен од амфетамини и барбитурати. За кратко време, делел стан во Нешвил со Вејлон Џенингс, кој бил тежок зависник од амфетамини. Кеш користел амфетамини за да биде буден за време на турнеи. Пријателите се шегиувале за неговат „нервоза“ и непредвидливото однесување, многу ги игнорирале знаците на неговата влошена зависност од дрога. Зад сцената на The Johnny Cash Show, Кеш тврди дека нема дрога која не ја пробал.
Иако во многу моменти бил надвор од контрола, френетичната креативност на Кеш продолжила да носи хитови. Неговиот препев на „Ring of Fire“ била хит број 1, на листите и влегла во топ 20 на поп листите. Песната била напишана од Џун Картер и Мерла Килгор. Песната е оригинално пеена од сестрата на Џун, но маријачи звукот бил изведен од Кеш, кој вели дека му дошол на сон.
Во јуни 1965, неговиот камион се запалил заради презагреано тркало, огнот префатил шума која изгорела неколку стотици акри во Националниот парк Лос Падрес во Калифорнија. Кога судијата го прашал зошто го направил тоа, Кеш рекол, „Не го направив јас, мојот камион го направи. А мртов е, па не можете да го сослушувате.“ Пожарот уништил 508 акри (2,06 км²), го изгорело зеленилото на три планини и убило 49 од 53-те загрозени орли-мршојадци. Кеш не се каел: „не ми е гајле за вашите жолти пилиња.“ Федералната влада го тужела со $125.172 ($863,091 вредност во тоа време). Кеш подоцна се договорил за случајот и платил $82.001. Тој велел дека е првиот човек што владат го тужела за предизвикување на шумски пожар.
Иако Кеш негувал одметнички имиџ никогаш не служел затворска казна. Иако бил во притвор неколкупати за помали прекршоци, секој престој му бил долг една ноќ. Најпознатиот прекршок на законот му се случил за време на турнеја во 1965, кога бил уапсен од страна на одделот за наркотици во Ел Пасо, Тексас. Полицајците се сомневале дека шверцувал хероин од Мексико, но биле препишани наркотици и амфетамини кои пејачот ги скрил во футролата од гитарата. Бидејќи биле препишани наркотици од доктор а не илегални наркотици, добил само суспензиона казна.
Кеш бил уапсен и на11 мај, 1965, во Старквил, Мисисипи, за нелегално преминување во приватен имот да скине цвеќиња. (Инцидентот даде повод за песната „Starkville City Jail“, за кој зборува на својот албум во живо At San Quentin prison.)