Кристофер Паолини () (роден на во Јужна Калифорнија) е американски романописец. Тој е најдобро познат како автор на циклусот „Наследство“, којшто се содржи од неговите книги „Ерагон“, „Првородениот“, „Brisingr“ и моментално непознатата четврта книга. Тој живее во Парадајс Вали, Монтана, каде што ја напиша својата прва книга.
Животопис
Кристофер Паолини пораснал во Парадајс Вали, Монтана. Неговата фамилија е составена од негвите родители, Кенет Паолин и Талита Хоџкинсон, и неговата сестра, Анџела Паолини.The Author. Alagaesia.com. Проверено на 2007-10-30. Домашно образован за време на неговото школување, Паолини дипломирал во средно училиште на 15 години преку сет од акредитирани кореспондни курсеви од Американското училиште за кореспондација во Лансинг, Илиноис. По завршувањето на училиштето, тој започнува да работи на она што ќе стане романот „Ерагон“, првиот дел од серијалот, сместен во мистичната земја Алагезија.
Во 2002 година, „Ерагон“ беше објавен од страна на Паолини Интернационал LLC, компанијата на родителите на Паолини. За да ја промовира книгата, Паолини тргна на турнеја низ 135 училишта и библиотеки, дискутирајќи на теми какви што се читање и пишување, за сето време облечен во „средновековен костум составен од црвена кошула, брановити црни панталони, чипкови чизми и весела црна капа“. Паолини ја создаде корицата за првото издание на „Ерагон“, на која беше претставено окото на Сафира. Тој исто така ја нацрта картата за внатрешниот дел на книгата.Paolini, C., Eragon, Paolini International LLC, 2002.
Летото 2002 година, посинокот на авторот Карл Хајсен го нашол Ерагон во книжарница и се вљубил во книгата, а Хајсен му го привлекол вниманието со неа на неговиот издавач, Алфред А. Кнопф.David Welch (29 септември 2005). A Kinder, Gentler Carl Hiaasen, Still Pissing People Off Powells.com. Проверено на 2008-01-20. Кнопф веднаш направил понуда да го објави „Ерагон“ и останатиот дел од циклусот „Наследство“. Второто издание на Ерагон беше објавено од страна на Кнопф во август 2003 година. На деветнаесет годишна возраст, Паолини стана најдобро продаван автор на Њујорк Тајмс.Liz Rosenberg (16 ноември 2003). 'Eragon': The Egg and Him. NYTimes.com. Проверено на 2007-10-30. „Ерагон“ од тогаш е адаптиран во филм со истото име.
Есејот на Паолини „Се започна со книги“ беше вклучен во априлската антологија од 2005 година на списанието Момчиња пишуваат за момчиња.
„Првородениот“, продолжението на „Ерагон“ беше објавен на 23 август 2005 година. Третата книга во циклусот, „Брисингр“ беше објавена на 20 септември 2008 година.Press release (16 јануари 2008). Random House Проверено на 2008-01-16. Иако циклусто Наследство беше планиран да биде трилогија, деталите за Brisingr мораа да бидат проширени за да вклучат четврта книга, која сè уште не е именувана.Press release (30 октомври 2007). Random House Проверено на 2007-10-30.
До денес, циклусoт „Наследство“ има продадено повеќе од 20 милиони копии.
Влијанија
Литературната инспирација на Паолини ги вклучува делата на Џ. Р. Р. Толкин, Е. Р. Едисон и авторот на епската поема „Беовулф“. Паолини рече дека Ерагон бил „специјално инспириран“ од делото на Брус Ковајл. Други литературни влијанија ги вклучуваат делата на Дејвид Едингс, Андре Нортон, Брајан Џек, Ен Мекафри, Рејмонд Е. Фејст, Мервин Пик, Урсула К. Ле Гвин и Френк Херберт.Talita Paolini Christopher Paolini Q&A Shurtugal.com. Проверено на 2008-01-20. Други омилени автори му се Џејн Јолен, Филип Пулман и Гарт Никс.
Природата има големо влијание во делата на Паолини. Во интервју со Филип Пулман и Тамора Пирс, Паолини рече дека Парадајс Вали, Монтана е „еден од главните извори“ на неговата инспирација.Dave Welch (October 2003). News: Philip Pullman, Tamora Pierce, and Christopher Paolini Talk Fantasy Fiction Alagaesia.com. Проверено на 2008-01-20.
Во книгата „Првородениот“, паолини ги опишува неговите самовилјаци како вегетаријанци. Кога го прашаа за неговиот начин на исхрана, Паолини одговори: „Не, не сум вегетаријанец, иако тежнеам кон тој правец“.Christopher Paolini. Talking Trilogy Alagaesia.com. Проверено на 2008-01-20.
Во благодарностите на „Брисинг“, Паолини се заблагодари за влијанието од страна на Леон и Хироко Каперовата „Ковањето на јапонскиот меч“ за неговиот опис на ковањето на мечот на Ерагон.
Наводи
Надворешни врски Официјално мрежно место. Содржи автобиографски коментари од Паолини
Категорија:Родени во 1983 година Категорија:Живи луѓе Категорија:Американски романописци Категорија:Американски писатели на фантастика Категорија:Писатели од Калифорнија Категорија:Писатели од Монтана