мини Лакрос — спорт што се игра на трева. Лакрос e тимски спорт, со индијанско потекло, кој се игра со помош на мала, цврста, гумена топка и стап со долга дршка, што се нарекува „крос“ или „лакрос стап“. Врвот на лакрос стапот е врзан со крупна мрежа со намена да ја фати и задржи лакрос топката. При напад, целта на оваа игра е да се постигне бод со шутирање на топката во голот на спротивниот тим, користејќи го притоа лакрос стапот за да се фати, однесе и подаде топката. При одбрана, целта е да се спречи спротивниот тим да даде гол и да им се одземе топката, со помош на стапот, телесниот контакт или позиционирањето. Овој спорт има четири главни типови: машки лакрос, женски лакрос, лакрос на затворено и интеркрос (лакрос без контакт меѓу играчите).

Лакрос (поточно лакрос на затворено) е национален летен спорт на Канада.

Историјата на Лакрос Во многу индијански заедници или племиња, оваа игра била играна за да се решат судирите, за да се излечат болните, за да прераснат во силни, мускулести мажи и за да се подготват за војна. Легендата говори за игри играни со повеќе од 100 играчи од различни племиња, кои чекале да им дојде редот за да играат. Може да се игра на терен долг и широк по повеќе километри (денешниот лакрос се игра на поле широко 55 метри и долго 100 метри); понекогаш играта можела да трае и со денови. Првите лакрос топки биле големи и влакнести, направени од камен, еленска кожа, глина, а понекогаш и дрво.

Лакрос, релативно популарен тимски спорт во Северна Америка, веројатно се развил во 5 век, но оттогаш поминал низ многу промени. Во традиционалната верзија на Индијанците (коишто живееле на територијата на Канада), секој тим се состоел од околу 100 до 1.000 мажи, на поле кое се протегало од околу 457 метри до неколку километри. Овие лакрос игри траеле од изгревање до заоѓање на сонцето, и така два-три дена по ред. Овие игри биле играни како дел од церемонијален ритуал кој се практикувал за да му се искаже благодарност на Создателот. Фразата „да играме Лакрос“ на јазикот Анишинаабе (домородски јазик) е баагаадове (baaga’adowe).

Овој спорт многу години играл значајна улога во заедниците и религиозниот живот во племињата низ целиот континент. Лакросот во раната фаза бил карактеризиран со длабоко духовно учество, но како дел од него го имало и духот на борбата, од каде што било и започнато со овој спорт. Оние кои учествувале во играта, имале улога на воини, чија цел била да стекнат слава и чест за племето и за нив самите. Тие велеле дека ја играат играта „за Создавателот“, или ја викале „Играта на Создавателот“.

Францускиот мисионер, Жан Де Бребеуф, видел човек од Ирокeзите, како го игра овој спорт во 1637 година, и со тоа бил првиот Европеец кој пишувал за лакрос. Тој ја нарекол играта „ла крос“ (la crosse), што значи „стап“. Некои велат дека името потекнува од францускиот термин за хокеј, „ле жу де ла крос“ (француски: le jeu de la crosse). Други велат дека потекнува од кросиер (crosier), работи кои ги носеле свештениците.

Во 1856 година, Вилијам Џорџ Бирс, канадски стоматолог, го основал првиот „Монтреал Лакрос клуб“. Во 1867 година тој ја модифицирал играта, со тоа што го скратил времетраењето и бројот на играчи на дванаесетмина во еден тим. Првата игра играна според правилата на Бирс, се одиграла во канадски колеџ во 1867 година, кои го изгубиле натпреварот од крикет клуб од Торонто (3–1).. До XX век Лакрос почнало да се игра во средните училишта и факултетите. Лакрос се играл како демонстративен спорт на Олимпијадите во 1928 и 1932 година. Во секоја пригода плејофот бил одржуван за да се одредат американските репрезентативци за Олимпијада и во секоја од тие пригоди победувал тимот Џон Хопкинс Блу Џејс.

Во САД, за време на ’90-тите години Лакрос бил регионален спорт, најзастапен во и околу источниот брег, почесто во делови како Конектикат, Мериленд, Масачусетс, Њујорк, Северна Каролина, Њу Џерси, Пенсилванија и Вирџинија. Во втората половина од 20 век, спортот почнал да се шири на запад во помали региони, вклучувајќи го средниот запад, како Охајо и Тексас, и западниот брег, вклучувајќки ги Аризона, Калифорнија, Колорадо, Орегон и Вашингтон. Во минатата декада, спортот продолжил да расте во поголеми размери ширум земјата, со особен развиток во југоисточните делови, како Џорџија, Северна Каролина, Алабама, западниот брег и средниот запад. Денес, Лакрос најбрзо се развива во средниот запад.

Овој спорт стекнал поголема популарност во медиумите, со растот на факултетите, средните училишта и младинските програми низ земјата. Универзитетското првенство во машки лакрос ја има најголемата посетеност од било кој друг универзитетско првенство. Развојот на ласкрос бил исто така олеснет со воведувањето на пластична глава на стапот, која била воведена од „СТКС“ (STX), Балтимор во 1970-тите години. Оваа новост ја намали тежината и цената на лакрос стапот. Исто така за разлика од традиционалниот дрвен стап, новиот, придонесе за побрзи додавања и побрза игра. Сè до 1930-тите, лакросот бил игран надвор, на големи полиња. Сопствениците на канадските хокејски арени, измислија намалена верзија на играта, наречена лакрос на затворено, како средство да се направи поголем профит од нивните инвестиции за арените. Во релативно краток период, лакросот на затворено стана главна форма на овој спорт во Канада, поради тешките зими кои го ограничуваат играњето во надворешни услови. Неодамна, лакросот сведочеше на будење во Канада со Асоцијацијата за лакрос на Канадскиот универзитет, која создаде лига на ниво на факултети за мажи во 1985 година. Таа сега вклучува 12 универзитетски тимови. Во 1994 година, Канада го прогласи лакросот за нејзин Национален летен спорт, признаен со Актот за национални спортови.

Во 1987 година, почна професионалната лакрос лига за мажи, која се нарекува Игл про бокс лакрос лига (Eagle Pro Box Lacrosse League). Оваа лига го смени своето име во Главна лига за лакрос на затворено, подоцна во Национална лакрос лига, и со тоа се зголеми и ги опфати лакрос клубовите за мажи од дванаесет градови низ САД и Канада. Во летниот период, 2001 година, беше отворена професионална лакрос лига за мажи, позната како Главна лакрос лига. Почнувајќи со шест тима, оваа лига дојде до вкупна бројка од десет тима кои се наоѓаат во главните метрополитски области во САД. На 4 јули 2008 година, Главната лакрос лига, го постигна рекордот за посетеност на професионален лакрос: 20.116 обожаватели беа присутни на натпреварот кој се играше во Денвер, Колорадо. Во 2006 година, се разви лакрос лига во Квебек, Канада. Оваа лига, составена од англиските факултети, стана прва официјална факултетска лакрос лига во Квебек. Оваа лига ја создаде Лук Џането во 1994 година.

Видови игра

Лакрос (на отворено) Лакрос е спорт кој бара голема физичка активност, кој бара не само подготвеност, туку и добро држење и координација на стапот. Лакросот (на затворено) се игра со по десет играчи од двата тима: голман, тројца одбранбени играчи во делот за одбрана, играчите од средината на теренот, коишто можат да се движат низ целиот терен, и тројца напаѓачи кои се во искушение да постигнат гол кај спротивниот тим. Тоа е најчестата верзија на лакрос за мажи кој се игра меѓународно. Модерната игра ја кодифицираше Вилијам Џорџ Бирс во Канада, во 1867 година. Оттогаш, играта се развила и ја вклучува заштитната опрема и лакрос стапот направен од синтетички материјали.

Секој играч носи лакрос стап. Краткиот крос стап (понекогаш се нарекува „краток стап“) е од 1 до 1,1 метар долг (главата и дршката заедно) и обично го користат напаѓачите и играчите од средината на теренот. Вкупно четворица играчи од секој тим може да играат со долг лакрос стап, кој е од 1,3 до 1,8 метри долг и обично го користат одбранбените играчи и играчите од средината на теренот. Главата на стапот и кај краткиот и кај долгиот стап мора да биде 17 сантиметри или повеќе на најширокото место. Нема минимална ширина за најтесната точка, единствениот услов е дека топката мора да се врти непречено. Дозволено е назначените голмани да имаат стап од 1 до 1.8 метри долг и главата на лакрос стапот на голманот може да биде до 30 сантиметри ширина.

Полето за играње е 100 метри долго и 55 метри широко. Головите се 6 метри долги и 6 метри широки. Голот е поставен во кружна „бразда“, која мери 5,5 метри во пречник. Секоја одбранбена и напаѓачка зона се обиколени со „ограничен дел“ (ограничување на поле). Секоја четвртина и со секој постигнат гол, играта почнува повторно со „фејс оф“ (лицата на играчите свртени едни кон други). За време на „фејс оф“, двајца играчи ги оставаат нивните стапови хоризонтално веднаш до топката, со тоа што главата на стапот е неколку сантиметри оддалечена од топката, а другиот крај да покажува накај средишната линија од теренот. Играчот кој е во „фејс оф“ позиција, почнува да се бори за топката, често со тоа што ја „стега“ под стапот и ја турка накај соиграчите од тимот. Напаѓачите и одбраната не смеат да ја преминат „граничната линија“, сè додека некој играч од средината на полето не ја преземе топката или сè додека топката не ја премине граничната линија. Ако било кој член на тимовите ја допре топката и таа одлета надвор од полето за играње, играта ќе отпочне повторно со тоа што топката ќе му биде доделена на спротивниот тим. За време на играта, тимовите можат слободно да ги вклучуваат и исклучуваат играчите од играта. Понекогаш ова се однесува на замена за време на играта. Замената мора да се направи во рамките на означеното поле за размена, за да биде во согласност со правилата.

При повеќето казни, напаѓачот го праќаат во „местото за казни“, кое се наоѓа меѓу клупите на двата тима. Тогаш, неговиот тим мора да игра без тој играч на определено времев во зависност од фаулот. (Повеќето казни се „ослободувачки“, што значи дека казната завршува кога ненапаѓачкиот тим ќе постигне гол.) Техничките грешки (како офсајд и задржување) се казнуваат со губење на топката или со суспендирање на играчот на 30 секунди, додека личните грешки- со една минута (но некои грешки, како играње со стап кој не е по прописите на назначеното ниво на игра, се отслужува казна до три минути, од која не може да се ослободи). Тимот кој ја добил казната игра со еден играч помалку, а спротивниот тим со еден играч повеќе. Додека играат со еден играч помалку тимовите користат разни лакрос стратегии за напаѓање и одбрана. Офсајд се казнува со казна од 30 секунди. Ова се случува кога има повеќе од 7-мина играчи на одбранбениот дел од полето, (тројца играчи од средината на полето, тројца одбранбени играчи, еден голман), или повеќе од 6-мина играчи од еден тим на напаѓачката страна од полето (тројца играчи од средината на полето и тројца напаѓачи). Зоните се поделени со средишната линија.

На највисоко ниво се игра во професионалната Главна лакрос лига и на ниво на факултетите во прва лига на НФАА (NCAA Division 1) во САД. Првата програма за играње лакрос на универзитетско ниво била основана во универзитетот во Њујорк, во 1877 година, и турнирот од 1971 година бил првото првенство во лакрос за мажи, спонзориран од Националната факултетска атлетска асоцијација. Исто така, на високо ниво се играло во аматерските лиги- Австралиска лакрос лига, Асоцијација за лакрос на канадскиот уиверзитет, и меѓународните лиги за лакрос.

На меѓународно ниво, има вкупно 22 членови во Федерацијата за меѓународен лакрос, само САД, Канада, Австралија, и „Ирокиос Нешнлс“ завршија на „топ три“ местата на Светското првенство во лакрос. Светското првенство во лакрос почна како турнир на кој заземаа учество четири тима, во 1968 година, со одобрување од Меѓународната федерација за лакрос. Лакросот на Летните олимписки игри во 1904 и 1908 година, зазема место како спорт во кој може да се освои медал. На Летните олимписки игри во 1928, 1932 и 1948 година, Лакрос бил претставен како демонстративен спорт.