мини|Мост на реката Кама, изграден во 1912 година десно|мини|400п|Транссибирската железница е означена со црвено Транссибирската железница () е најдолгиот единечен железнички систем во Русија, поаѓајќи од Москва до Владивосток на растојание од 9.289 км. Со оваа линија поврзани се и линиите до Монголија, Кина и Северна Кореја. Постои од 1916 година, но и пред да биде завршена, железницата привлекла патници кои пишувале за своите авантури.Meakin, Annette, A Ribbon of Iron (1901), reprinted in 1970 as part of the Russia Observed series (Arno Press/New York Times)().
Историја По замисла на царот Александар III, градењето на железницата почнало во 1891 година и симултано продолжило сè до комплетирањето на целата нејзина должина, притоа поврзувајќи и дел од Манџурија. Била завршена во 1904 година, но заканата за јапонско преземање на Манџурија ги присилила градителите да изградат паралелна траса во рамките на Руската територија, која била завршена во 1916 година. Пругата ги направила достапни големите пространства на Сибир, кои на тој начин можеле полесно да се населуваат и индустријализираат, особено по пат на стимулирање на изградбата на бројни помошни железнички линии, кои требало да ги поврзат далечните области со главната траса. Комплетното патување трае околу 8 дена.
Наводи
Категорија:Железнички пруги во Русија Категорија:Сибир Категорија:Железнички линии во СССР Категорија:Железнички линии во Руското Царство