Бакингамска палата — официјална резиденција на британските монарси во Лондон. Палатата се наоѓа во Вестминстер и претставува место каде што се одржуваат државни настани и кралски приеми. Претставува збирно место на британците за време на државно славење и државни кризи. Првобитно била позната како Бакингемска куќа која претставува јадро на денешната палата, голема резиденција за Војводата од Бакингем во 1705 година изградена на имот кој бил во приватна сопственост најмалку 150 години. Подоцна во 1761 години Џорџ III ја стекнал како приватна резиденција за кралицата Шарлота, позната како „куќа на кралицата“. Во текот на 19 век палатата била проширена, главно од архитектот Џон Неш и Едвард Блор, градејќи три крила околу централниот двор. На крајот Бакингемската палата станала официјална кралска палата на британскиот монарх во 1837 година кога на престолот дошла кралицата Викторија. Последните поголеми проширувања биле направени кон крајот на 19 век и почетокот на 20 век, вклучувајќи ја источната предна страна на која се наоѓа познатиот балкон, каде кралското семејство традиционално се собира за да ја поздрави насобраната толпа надвор. Меѓутоа, кралската капела била уништена од германска бомба за време на Вторта светска војна. Во 1962 година Краличината галерија била изградена на имотот и отворена за јавноста за изложување на уметничките дела од Кралската збирка. Оригиналната внатрешна конструкција од почетокот на 19 век, најголемиот дел е зачуван и денес, вклучувајќи ја широката употреба на светло обоена скаљола и син и розов лапис , како што советувал Сер Чарлс Лонг. Кралот Едвард VII го надгледувал нецелосното преуредување во стилот Belle Epoque во кој преовладува кремова и златна боја. Повеќето помали простории за прием се уредени во кинеско регенски стил со мебел и опрема донесени од кралскиот павилјон во Брајтон и куќата Карлтон. Градината во Бакингамската палата е најголемата приватна градина во Лондон. Просториите за прием, кои се користат за службени и државни приеми, се отворени за јавноста секоја година во август и септември, како дел од летното отворање на палатата.
Историја Територијата
thumb|left|350px|Банкингемска куќа, 1710 година ја дизајнирал Вилијам Винд за првиот војвода на Бакнигам и Норманби. Оваа фасада се наоѓа на денешниот влез на западната страна од четириаголникот, а над влезот се наоѓа зелена приемна просторија.
Во средновековието, на територијата на Бакингемската палата се наоѓал благородничкиот имот на Ебјури(т.н. Ија). Со течењето на реката Тиборн земјата била мочурлива. Реката сè уште тече под дворот и јужното крило на палатата. На местата каде што реката можела да се премине, се развило селото Ај Крос (Eye Cross). Сопствениците на имотот се смениле повеќепати, вклучувајќи го свештеникот Едвард Блор и неговата сопруга Едит од Весекс, во доцните саксонски времиња, и подоцна норманскиот освојувач Вилијам. Вилијам му го отстапил имотот на Џефри да Мендевил, кој им го оставил во наследство на монасите од Вестминстерската опатија.
Во 1531 година, Хенри VII ја стекнал болницата Св.Џејмс (подоцна била наречена палата Св. Џејмс) од колеџот Итон и во 1536 година тој го зел благородничкиот имот на Ебјури од Вестминстерската опатија. Со овие префлања имотот на Бакингемската палата повторно паднал во рацете на кралското семејство за првпат откако освојувачот Вилијам го дал пред околу 500 години. Различни сопственици го изнајмувале од кралските сопственици и сопственоста на имотот била предмет на очајничко манипулирање во текот на 17 век. Дотогаш, старото село Ај Крос (Eye Cross) се распаѓало и територијата била напуштена. Поради пари Џејмс I продал дел од кралската сопственост на задниот дел од територијата но задржал дел од местото на кое создал градина со дудинки во големина од четири акри (16.000 метри квадратни) за производство на свила.(Градината се наоѓа на северно-западниот дел од денешната палата.) Во делот на Клемент Вокер, Англиканската анархија во 1649 година, се спомнува за новосоздадените содоми и романски жетони (за плаќање на проститутки) во градината Малбери во Св.Џејмс. Ова може да значи дека палатата била место на разврат. Во крајот на 17 век познатата наследничка Мери Дејвис го наследила имотот од магнатот Сер Хју Одли.
Првите куќи на територијата Куќата на лордот Горинг
Веројатно првата куќа изградена на територијата била куќата на Сер Вилијам Блејк, изградена околу 1624 година. Следниот сопственик бил Лорд Горинг, кој од 1633 година ја проширил куќата на Блејк и го развил поголемиот дел од денешната градина тогаш позната како големата градина на Горинг. Сепак тој не успеал да го добие правото на сопственост на градината со дудинки. Со документот во 1640 година Горинг не успеал да го добие печатот пред кралот Чарлс I да побегне од Лондон, кој бил потребен за легално спроведување на сопственоста.(Тоа било сериозен пропуст кој и помогнал на британското кралско семејство повторно да го добие сопствеништвото за време на кралот Џорџ III.)
Куќата на Арлингтон
Расипничкиот Горинг доцнел со плаќањето на кириите. Хендри Бенет, првиот гроф на Арлингтон, ја добил палатата и таму живеел кога таа изгорела во 1674 година, денес позната како куќата на Горинг. Следната година била подигната куќата на Арлингтон, а го зафаќала јужното крило од денешната палата и нејзиното сопствеништво било купено во 1702 г.
Бакингемска куќа
Куќата, која го сочинува јадрото на сегашната палата, била изградена во 1703 година за првиот Војвода од Бакингем и Норманби според проектот на Вилијам Винд. Конструкцијата се состоела од три централни блокови и две помошни крила.На крајот бакингемскиот потомок Сер Чарлс Шефилд му ја продал Бакингемската куќа на Џорџ III по цена од 21 000£ (или од 2010 година 3 000 000 £).
Како и неговиот дедо, Џорџ II, Џорџ III одбил да го продаде делот од градината со дудинки, така што Шефилд не можел да го купи целото сопствеништво на имотот. Кога Шефилд ја продал Бакингемската куќа таа паднала во рацете на кралското семејство.
Од куќата на кралицата до палата
thumb|right|300px| Бакнгамска палата и градините во 1897 година.
Во почетокот куќата им служела како приватно засолниште, особено на кралицата Шарлота, и била позната како Куќата на кралицата. Четиринаесет од вкупно петнаесетте деца на кралицата биле родени таму. Палатата Св.Џејмс останала официјална и церемонијална кралска резиденција. Реконструкцијата на градбата започнала во 1762 година. Кралот Џорџ IV по неговото стапување на престолот во 1820 година продолжил со реновирањето, воден од идејата да создаде мал и удобен дом. Во 1826 година додека реновирањето било во тек, кралот решил да ја промени куќата во палата со помош на архитектот Џон Неш. Еден дел од мебелот бил пренесен од куќата на Карлтон а другиот дел бил купен во Франција по Француската револуција. Надворешната фасада била во француски нео-класичен стил, кој го претпочитувал Џорџ IV. Цената на реновирањето прогресивно се зголемила и од 1829 година претераноста во проектите на Неш се одразила во неговото отстранување како архитект. По смртта на Џорџ IV во 1830 година неговиот помлад брат Вилиам IV го ангажирал Едвард Блор да ја заврши работата. Во еден момент Вилијам решил да ја преправи палатата во нова куќа на парламентот (The House of Parliament), по уништувањето од пожар на постоечката куќа во 1834 година.
Домот на монархот Бакингемската палата конечно станала главна кралска резиденција во 1837 година, со доаѓањето на престолот на кралицата Викторија, која била прв монарх што живеел таму кога умрел нејзиниот претходник Вилијам IV пред исполнувањето на должноста. Иако приемните соби претставувале изобилство од позлата потребите на новата палата и не биле така луксузни. Бидејќи камините толку мирисале, огнот требало да се загасни така што палатата се тресела од студ. Вентилацијата била толку лоша што ентериерот мирисал, и кога се одлучило да се постават газиени ламби настанало проблем околу нивното поставување на пониските катови. Исто така вработените биле опуштени и мрзливи и палатата била валкана. Во 1840 година откако кралицата се омажила, нејзиниот сопруг принцот Алберт се зафатил со реорганизација на домашните обврски и вработените и со конструкцијата која не и одговарала на палатата. Проблемите биле исправени до крајот на 1840 година. Во 1847 година, палатата за кралската двојка станувала се помала за кралски живот и нивното семејство кое постојано се зголемувало, и според тоа било изградено ново крило дизајнирано од Едвард Блор, а го градел Томас Кјубит, кое го опфаќало центарот на четириаголникот.
Источната страна која гледа кон шеталиштето денес е позната како „Јавно лице“ и тука се наоѓа балконот од кој кралското семејство ја поздравува масата народ за време на значајни настани и еднаш годишно за време на манифестација Дефиле на знамиња (Trooping the Colour). Крилото каде што е просторијата за бал и просториите за прием се изградени во овој период, дизајнирани од Сер Џејмс Пенетрон студент на Џон Неш. Пред смртта на принцот Алберт, палатата обично била место за музички забави и најголемите современи музичари имале изведби во Бакингемската палата. Познато е дека композиторот Феликс Менделсон имал изведби на три настани.Јохан Штраус II и неговиот оркестар имале изведби во палатата кога биле во Англија. Во 1849 година во чест на принцезата Алис за првпат била изведена полката Алис од Јохан Штраус. За време на Викторија палатата често претставувала сцена на бал под маски, вообичаени кралски церемонии, свечено назначување и свечено врачување. Кога кралицата станала вдовица во 1861 година се повлекла од јавниот живот и ја напуштила Бакингемската палата за да живее во дворецот во Виндзор, замокот Балморал и куќата Озборн. Многу години палатата била ретко користена и дури била запуштена. Конечно, јавноста ја натерала да се врати во Лондон но дури и тогаш таа сакала да живее на друго место. Дворските функции се одржувале повеќе во Виндзор отколку во палатата надгледувани од тажната кралица облечена во црно додека Бакингемската палата останала затворена поголем дел од годината.
Внатрешноста на палатата
thumb|350px|Пијано нобиле на Бакингемската палата. A: Просторија за вечери; B: Сина просторија за прием; C: Просторијата за музички приредби; D:Белата приемна просторија; E:Кралскиот плакар ; F:Просторијата со Престолот; G:Зелената приемна просторија ; H:Галерија; J:Просторијата за бал; K:Источната галерија; L:Жолтата приемна просторија; M:Централната просторија каде се наоѓа балконот; N:Кинеската просторија за свечени ручеци; O:Главниот ходник; P:Приватните апартмани; Q:Службена област; W:Величествените скали. На приземјето: R:Влезот на амбасадорите; T:Величествениот влез. Просторот претставен со заклонети ѕидови ги претставува помалите крила забелешка: Пропорциите на некои простории се разликуваат во реалноста.