Владимирица или Ладомерица () — село во општината Булчица на Дебарската област, источна Албанија. Населено е со Македонци муслимани.
Географија Селото се наоѓа во македонската област Голо Брдо, на самата граница со Македонија, каде од другата страна е торбешкото село Отишани, Општина Дебар. На кусо растојание на северозапад е селото Пасинки.
Историја Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Владомирица (Vladomiritza) е село село со 17 домаќинства сочинети од 42 жители Торбеши.„Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 172 – 173. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. во Радомирица живееле 440 Македонци муслимани.
По Првата балканска војна во 1912 г. селото влегло во состав на Албанија.
Во извештајот на Сребрен Поп Петров, главен инспектор-организатор на бугарската црковно-училишна дејност во Албанија, во 1930 г. Владимирци се води како село со 100 куќи на Македонци муслимани.Доверлив извештај бр. 54 на Сребрен Поп Петров
Сè до 2015 г. селото било во состав на Општина Острени.
Знаменитости Владимиричка џамија
Поврзано Голо Брдо Дримколско-голобрдски дијалект
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Села во Албанија Категорија:Голо Брдо Категорија:Булчица