Бошко Перински (, - , ) — македонски писател и афорист.

Животопис Перински е роден во 1950 година во селото Лазарополе. Од 1983 година, тој почнал да објавува афоризми во „Остен“, „Студенски збор“, „Вечер“, на програмите на МРТВ. Неговите афоризми биле преведувани и објавувани во словачки (гласило на словачките писатели „Литературен неделник“), српски („Јеж“) и бугарски („Стршел“) списанија за хумор и сатира. Во Габрово, Бугарија во 1997 година на 13-то интернационално биенале во куќата на хумор и сатира во уметноста, тој го освоил третото место за книга. Неговите афоризми ги има и во „Антологија на балканскиот афоризам“ составена од македонскиот сатиричар Васил Толески, кој е прогласен за „Екселенција на сатирата“. Добитник е на првите награди на македонскиот фестивал за хумор и сатира „In Vinica Veritas“. 1993 година прва награда во категорија Афоризми; 1994 прва награда во категорија Епиграми;

Неговиот краток, но плоден период завршил во 2008 година во Скопје.

Библиографија 1994 „На бош“ 1996 „Човек на човека му е пратеник“ ISBN 9989978905 (заедно со Иван Карадак и Глигор Костовски) „Просто мнозинство“ необјавена, која всушност, содржински се надоврзува на двете претходни книги Зад себе има оставено и уште многу не објавени ракописи, афоризми, епиграми, сценарија за драми како и многу сатирични приказни кои тој ги нарекува „Врутоци“.

Наводи

Категорија:Луѓе од Лазарополе Категорија:Македонски писатели Категорија:Македонски афористи Категорија:Југословенски писатели Категорија:Југословенски афористи