Николаос Пирзас, познат како Никос и Лакис Пирзас ( Νίκος или Λάκης Πύρζας) ― деец на грчката вооружена пропаганда, член на Елиномакедонскиот комитет и учесник во Борбата за Македонија.
Животопис лево|мини|150п|Биста во Лерин. Пирзас е роден 1880 година в град Лерин, тогаш во Османлиското Царство. ОД страна на грчкиот конзул бил придобиен за борба во име на грчката кауза, а зедно со Коте Христов и Павел Киров е меѓу пионирите на грчката вооружена пропаганда во југозападна Македонија.
Пирзас ја пресретнал четата на Павлос Мелас и на терен работел како преведувач за да можат андартите да општат со месното население Силянов, Христо. „Освободителните борби на Македония“, том II, София, 1993, стр.137-139.. Тој го придружувал Мелас при неговата последна обиколка во Македонија и бил во селото Статица кога Павлос Мелас бил убиен. По неговата смрт издал спомени за него Силянов, Христо. „Освободителните борби на Македония“, том II, София, 1993, стр.143-156..
По смрта на Мелас заминал за Атина и работел за Елиномакедонскиот комитет. Во Македонија се вратил со четата на Георгиос Цондос, но по судир со капетанот, откажал и заминал за Египет, каде останал сè до Првата балканска војна. По присоединувањето на Лерин кон грчката држава се вратил во родниот крај, каде умрел во 1947 година Modern Greek Visual Prosopography Πάνου Παπασταμάτη, Ο οπλαρχηγός καπετάν Λάκης Πύρζας. Φλώρινα 1960, Αριστοτέλης, έτ. Δ΄, τεύχ. 20ον, 8ον, σ. 80 υπό Στίλπωνος Π. ΚυριακίδουΑφανείς, γηγενείς Μακεδονομάχοι, επιστημονική επιμέλεια Ιωάννης Σ. Κολιόπουλος, Εταιρεία Μακεδονικών Σπουδών, University Studio Press, Θεσσαλονίκη, 2008, σ. 179.
Извори
Пирзас Лакис Категорија:Гркомани Категорија:Починати во 1947 година