Ски нарекуван и уште Горно Удово — археолошко наоѓалиште во Дебар. Претставува населба и некропола од римско време. Се наоѓа на околу 2 км источно од градот, под некогашниот пат Дебар-Скопје, на падина што се спушта кон реката Радика. На имотот на Бигорскиот Манастир биле откриени темели од објекти градени од камен и варов малтер, како и повеќе питоси. Во непосредната близина се откопани и гробови и тегули — тип „на две води“. Денес наоѓалиштето е потопено со водите од хидроакумулацијата Шпиље.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Поврзано Горно Удово — населба од железно време и среден век; Куќата на Каплан Арифи — осамен наод од римско време; Куќата на Мухамед Карпузи — депо на средновековни монети; Стојаница — средновековна црква и некропола; Сува Чешма — средновековна некропола; Новост — средновековна црква и некропола;
Наводи
Категорија:Археолошки наоѓалишта во Дебар