Сува Чешма или Нова Гипсарница — археолошко наоѓалиште во Дебар. Претставува некропола од римско време. Во 1941-1944 година работниците на претпријатието „Расадник“ при обработувањето на земјата откриле повеќе гробови. Според кажувањето на еден од учесниците во тие работи, гробовите биле градени од камени плочи - тип циста, и во нив наоѓале прстени и бакарни пари. Во поново време, при изградбата на влезот за гипсарницата, исто така биле откриени и уништени гробови градени од камени плочи.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069

Поврзано Горно Удово — населба од железно време и среден век; Куќата на Каплан Арифи — осамен наод од римско време; Куќата на Мухамед Карпузи — депо на средновековни монети; Ски — средновековна населба и некропола; Стојаница — средновековна црква и некропола; Новост — средновековна црква и некропола;

Наводи

Категорија:Археолошки наоѓалишта во Дебар