Хеликотерот Bell 206 е развиен по конкурсот на Армијата на САД за лесен набљлудувачки хеликоптер. Иако во првиот обид од страна на Армијата на САД хеликоптерот не е прифатен, се продолжува со негово производство, а првите испораки од 40 хеликоптери се направени за Морнарицата на САД, со варијантата ТН-57 Sea Range, наменети за обука на пилотите. Армијата на САД ја променила одлуката и по купени 1,434 набљудувачки хеликоптери ОН-6, во 1969 година го нарачува хеликоптерот Bell 206 во извидувачка варијанта. Хеликоптерот Bell 206 е еден од најпродаваните хеликоптери во светот, а се произведени повеќе од 8,000 парчиња во воена и во цивилна верзија. Во текот на производството на хеликоптерот се изведени многу модификации.
Вооружување Митралези странично на вратите, торпеда
Варијанти
Model 206A Jet Ranger - прва производна верзија, со турбомлазен мотор 250-C18, со сила од 317 кс Model 206B Jet Ranger II - втора производна верзија, со турбомлазен мотор Allison 250-C20, со сила од 400 кс Model 206B-3 Jet Ranger III - подобрена верзија со турбомлазен мотор Allison 250-C20 Model 206 AS - чилеанска морнаричка верзија, вооружена со торпеда TH-67 Creek - верзија од JetRanger III, за основна обука на Армијата на САД, означена и како ТН206 TH-57 Sea Ranger - верзија со 206А стандард, за обука во Морнарицата на САД TH-57B Sea Ranger - верзија со 206В стандард, за обука во Морнарицата на САД TH-57C Sea Ranger - верзија со JetRanger III стандард, за обука на Морнарицата на САД
Категорија:Хеликоптери Категорија:Повеќенаменски хеликоптери
pl:Bell JetRanger