Посавскиот кантон е еден од десетте кантони во Босна и Херцеговина. Овој е најмал кантон во државата со вкупна површина од 325 км2 и има население од 43,588 жители (2003). Главен центар на кантонот е гратчето Орашје.

Општини

Кантонот е поделен на следните општини: Домаљевац, Оџак и Орашје.

Население

Според пописот од 2013 година, Посавскиот кантон имал 43.453 жители, од кои 77,32% Хрвати, 19,00% Бошњаци, 1,92% Срби и 1,77% други.

Поврзано Федерација Босна и Херцеговина Административна поделба на Босна и Херцеговина Кантони во Босна и Херцеговина

*