Матео Албенис (шпан. Mateo Albéniz), (21 ноември 1755 - 23 јуни 1831) е шпански композитор и свештеник од времето на класицизмот.
Од 1800 до 1829 бил капелмајстор во Сан Себастијан и Логроњо. Компонирал духовна музика како миси, вечерни, празнични воспеви. Во текот на животот се прочул низ северна Шпанија, но по смртта бил заборавен.
Световниот опус на Албенис претежно се состои од музика за чембало и фортепијано, каде се гледаат влијанија од Моцарт и Хајдн, но со шпански мелос. Денес е познат по неговото дело „Соната во Д-дур“, подоцна преработена во популарна транскрипција за класична гитараМатео Албенис - Биографија - AllMusic .
Во 1802 издал расправа насловена како „Методична теоретска и практична обука за пеење и свирење на стара и современа музика“ (Instrucción metódica, especulativa y práctica para enseñar a cantar y tañer la música moderna y antigua).
Матео Албенис не е во сродство со попознатиот импресионистички композитор Исак Албенис.
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Родени во 1755 година Категорија:Починати во 1831 година Категорија:Шпански композитори Категорија:Класицистички композитори