Тодор Лазаров Хаџи Димитриев — македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, деец на Македонската револуционерна организација. Брат е на дедото на Љупчо Арсов.

Животопис Лазаров е роден 1869 година во градот Штип, тогаш во Отоманското Царство. Потекнувал од видното семејство Хаџи Димитриеви. Завршил VI клас во Солунска машка гимназија „Св. Кирил и Методиј“ и станал прогимназиски учител во Штип. По една година го напуштил училиштето и започнал да се занимава со трговија. Лазаров зборува, француски, отомански турски и фарси. мини|лево|280п|Штипското раководно тело: Тодор Лазаров, Иван Панајотов, Коце Гочев и Мише Бачов. Влегол во првиот револуционерен комитет на Македонската револуционерна организација во Штип 1894-1895 година, бил покрстен од Даме Груев. Во 1896 година заедно со Ѓорче Петров и Мише Развигоров го ликвидирал србоманот Јордан Бабамов, поради што бил уапсен. Во текот на Виничката афера повторно бил уапсен „Илюстрация Илинден“, 1932 г., София, бр.2, стр. 2-4, во 1899 година бил осуден на 4 години затвор, казната ја издржувал во Скопје и Приштина. На Солунскиот конгрес од 1903 година бил делегат. Во 1905 година, бил уапсен зедно со д-р.Петар Кушев, осуден и заточен во Тарабулус ал Шам Шатев, Павел. „В Македония под робство“, Издателство на Отечествения фронт, София, 1983, стр. 412.. По Младотурската револуција бил амнестиран, учествува во уредувањето на Сојуз на бугарски уставни клубови и влегол во неговото Централно управно тело.

По неуспехот на Хуриетот во 1909 - 1910, заедно со Тодор Александров учествувал во обновата на организациската дејност во Штипско и во мај 1910 година е избран за член на Задграничното претставништво заедно со Павел Христов Алманах „Македония“, София 1931 г., стр. 777Гоцев, Димитър. Национално-освободителната борба в Македония 1912 - 1915, Издателство на БАН, София, 1981, стр. 15..

Се разболел од туберкулоза и по избувнувањето на Првата балканска војна се самоубил Македонски научен институтИлюстрация Илинден, април 1940, година 12, книга 4 (144), стр. 4-6.Николов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893-1934). Биографично-библиографски справочник, София, 2001, стр. 91 - 92. Според Георги Поп Христов последните зборови на Лазаров биле: Македонија е изгубена Спомени на Георги Попхристов. Михаил Думбалаков за Лазаров напишал:

...(Кога б.н) сите ги прифатија ентузијазмот и волјата за борба, во... хотелот Ројал бавно гаснеше живтот на еден од најбудните синови на Македонија. Смелиот водач на револуционерно Штипско, војникот на бунтот и душата на толку безумно смели акциии... беше легнат на кревет од жолтата сопатничка на потребите и незгодите - туберкулозата.

Ревоуцијата ги изела дробовите на Тодор Лазаров. И сред всеопштиот подем, тој сега беше принуден да биде далечен, бесполезен и загубен меѓу толпата... Трагедијата на револуционерот беше необхватна... Непогоден да влезе и изгори во големата борба , револуционерот го застрела едно од најголемите срца на Македонија. Господар на животот, тој беше станал и господар на смртта Думбалаковъ, Михаилъ. Презъ пламъцитѣ на живота и революцията, томъ ІІ, София, 1937, стр. 149 - 150..

Галерија

Наводи

Категорија:Дејци на ВМОРО