thumb|center|305px|Теодора, сопругата на Јустинијан I и нејзината придружба.Мозаик од VI век - Базилика Сан Витале, Равена. Ран среден векLeonardo Bruni, James Hankins, History of the Florentine people, Volume 1, Books 1–4, (2001), p. xvii. — историски период кој следувал по доцноантичкиот период, во почетокот на 5 век. Средниот век се протегал од 5 век сè до крајот на 10 век. Раниот среден век следуваал по распаѓањето на Западното Римско Царство и му претходел на развиениот среден век (околу 1001 – 1300). Во овој период се продолжило со истиот тренд како во антиката, зголемено опаѓање на бројот на населението, особено во урбаните центри, намалување на трговијата и зголемена имиграција.

Во европската историја, раниот среден век следувал по распаѓањето на Римското Царство. Овој период бил наречен Мрачно доба, одлика која го нагласувала малиот број на литературни и културни дела во ова време, особено во Западна Европа. Сепак, Источното Римско Царство, односно Византија, продолжила да постои, а во 7 век исламските калифати освоиле големи делови од поранешна римска територија. Овие трендови се свртиле наопаку подоцна низ периодот. Во 800 година, во Западна Европа, титулата цар била оживеана од Карло Велики, чие Каролиншко Царство имало влијание на подоцнежната социјална структура и историја. Европа дочекала враќање на систематското земјоделство преку феудалниот систем и вовела иновации како плодоредот и тешките плугови. Миграцијата на варварите се стабилизирала во поголемиот дел на Европа, иако северот бил засегнат од викиншката експанзија.

Периодизација

Поимот "тан среден век" е првиот од трите периоди на средниот век, а другите се развиениот среден век и доцниот среден век. Леонардо Бруни бил првиот историчар кој употребил триделна периодизација во неговата Историја на луѓето од Фиренца (1442). Флавио Биондо употребил слична рамка во Децении од историјата на распаѓањето на Римското Царство (1439 - 1453). Триделната периодизација станала стандардна откатко германскиот историчар Кристоф Келер ја објавил Универзалната историја на поделена на Антика, среден век и ново време (1683).

Хронологија

Раните години

Датуми

430 — Смртта на Свети Августин 476 — Одоакар го симнува од власт Ромул Августул 496 — Битка кај Толбиак, Хлодовик се покрстува 507 — Битката кај Вује 527–565 — Владеењето на Јустинијан I 535–552 — Готска војна 541–542 — Чумата на Јустинијан во Цариград 547 — Смртта на Свети Бенедикт Нурсиски c. 570 — раѓањето на Мухамед 590–604 Владеењето на папата Григориј I Велики 597 — Смртта на Свети Колумба

602–629 — Последната голема Римско – персиска војна 615 — Смртта на Свети Колумбан 626 — Заедничката Персиско – аварско – словенска опсада на Цариград 627 — Византискиот цар Ираклиј I ги повикува Србите да се населат на Балканот 632 — Смртта на Мухамед 636 — Смртта на Исидор Севилски 674–678 — Првата арапска опсада на Цариград 681 — Создавањето на Првото Бугарско Царство

Подоцнежните години

Датуми

7 век — Создавањето на Хазарското царство 711–718 — Умајадите ја освојуваат Шпанија 717 — Втората арапска опсада на Цариград 721 — Смртта на Ардо, последниот визиготски крал 730 — Византиското иконоборство 732 — Битката кај Поатје 735 — Смртта на Свети Бед, британски историчар 746 — Крвавиот суд во Канштат (Штутгарт) 751 — Пипин Кусиот ја основа Каролиншката династија 754 — Смртта на Свети Бонифациј 768–814 — Владеењето на Карло Велики 778 — Битката кај Ронсевалскиот премин 782 — Ферденски колеж 793 — Првите викиншки напади

796–804 — Алкуин ја започнува Каролиншката ренесанса 815 — Византиското иконоборство 843 — Верденски договор 862 — Основање на Рурикидската династија 871–899 — Владеењето на Алфред Велики 872–930 — Владеењето на Харалд I, норвешки крал 882 — Основање на Киевска Русија 911 — Договорот кај Сен Клер сур Епт (Нормандија) 955 — Битката кај Лехското поле 962 — Отон I прогласен за цар на Светото Римско Царство 969 — Киевска Русија ги потчинува Хазарите 987–996 — Владеењето на Иго (Хуго) Капет 988 — Христијанизација на Киевска Русија 991 — Битката кај Малдон

Историја Европа и Медитеранот Распаѓање на Римското Царство 372 – 410

thumb|left| Die Hunnen im Kampf mit den Alanen [Tr., Хуните во борба со Аланите] (Јохан Непомук Гајгер, 1873)

Аланите, ирански народ кој живеел северно и источно од Црното Море, биле првата одбранбена линија на Европа против азиските Хуни. Тие биле расселени и се населиле низ Римското Царство

Почнувајќи од 2 век, имало секакви показатели за опаѓањето на римската цивилизација, вклучувајќи ја урбанизацијата, поморската трговија и популацијата. Само 40 проценти од бродските несреќи во Средоземното Море кои се случиле во 3 век биле пронајдени, а овој процент важел и за 1 век.Hopkins, Keith Taxes and Trade in the Roman Empire (200 B.C.-A.D. 400) Помеѓу 150 и 400 година, се проценува дека популацијата во Римското Царство опаднала од 65 милиони на 50 милиони, што е повеќе од 20 проценти. Некои ова го поврзале со студениот период од Мрачното доба (300 – 700), кога намалувањето на глобалните температури им наштетило на земјоделските приноси.Curry, Andrew, "Fall of Rome Recorded in Trees ", ScienceNOW, 13 January 2011.

Во почетокот на 3 век германските племиња мигрираале на југ, од Скандинавија па сè до Црното Море, создавајќи застрашувачки конфедерации кои војувале со месното население, Сармати. Во Романија и степите северно од Црното Море, Готите, еден од германските народи, создале најмалку две кралства: Тервинзи и Гројтунзи.Heather, Peter, 1998, The Goths, pp. 51-93

Со пристигнувањето на Хуните (372 – 375), завршила историјата на овие две кралства. Хуните биле конфедерација од централноазиски племиња која основала империја предводена од аристократија која на еден од туркиските јазици. Тие ја совладале техниката на стрелање со свиен лак, истовремено јавајќи на коњ. Готите барале прибежиште на римска територија (376 година) согласувајќи се влезат како невооружени доселеници. Но многу од нив ги поткупиле стражарите на дунавската граница да им дозволат да го понесат своето оружје со нив.

Дисциплината и организацијата на римската легија ја направиле одлична борбена единица. Римјаните претпочитале пешадија повеќе од коњаница, зашто пешадијата било полесно да се обучи да остане во формација, додека коњаницата имала тенденција да се распрсне кога се соочувала со непријателот. Варварската војска било полесно да се собере и инспирира со можниот грабеж, а легијата бидејќи била платена од централната власт преку даноци, со кои се плаќало за постојаната обука, опремата и храната. Самите финансиски потешкотии, создадени од раководењето со царството, заедно со намалувањето на земјоделската и економската активност, го намалиле приходот на данок и со тоа се појавиле потешкотии во одржувањето на професионална војска.

Инвазијата на Варваритеthumb|center|Миграциите на германските племиња во 5 век биле поттикнати од уништувањето на готските кралства од страна на Хуните во 372-375. Рим бил освоен и ограбен од Визиготите во 410 година, а потоа и од Вандалите во 455 година

Германи

Англи, Саксонци Франки Готи Визиготи Остроготи Хуни Вандали  Римско Царство

Западно Римско Царство Источно Римско Царство

Во Готската војна (376 – 382), Готите се побуниле и се соочиле со римската војска во Битката кај Адријанопол во 378 година. Во ова време, римската војска била составена од варавари и војници регрутирани за еден воен поход. Вкупниот пад во дисциплината исто така довел и до употреба на мали штитови и лесно оружје.Eisenberg, Robert, "The Battle of Adrianople: A Reappraisal", p. 112. Не сакајќи да ја дели заслугата, источноримскиот цар Валенс, без да го чека западноримскиот цар Грацијан кој требало да пристигне со засилување, го наредил нападот врз Тервинзите предводени од Фритигерн. Додека Римјаните биле зафатени со борба, коњаницата на Гројтунзите пристигнала и само една третина од римската војска успеала да побегне. Според римскиот записничар Амијан Марцелин, ова било еден пораз тежок сличен на оној што го претрпиле кај Кана. Јадрото на источната војска било уништено, Валенс бил убиен и Готите биле слободни да ограбуваат низ Балканот непречено, како и низ оружарниците кај Дунав. Како што коментира Едвард Гибон : ,,Римјаните, кои ладнокрвно и концизно ги спомнуваат актите на правда кои беа извршувани од легиите, го чуваа своето сочувство и елоквентност за нивните страдања, кога нивните провинции беа нападнати и опустошени од страна на поуспешните варвари.”Gibbon, Edward, A History of the Decline and Fall of the Roman Empire, 1776.

Царството немло доволно ресурси, а можеби и волја, за одново да ја формира професионалната мобилна војска која беше уништена кај Адријанопол и беше принудено да се потпре на варварските војски да се борат за него. Источното Римско Царство успеа да ги поткупи Готите со поткуп. Западното Римско Царство ја немаше таа среќа. Стилихон, воениот командант на Западното Римско Царство со полу – вандалско потекло, ги собрал армиите сместени кас границата кај реката Рајна за да ја одбие визиготската инвазија во 402 – 03 и инвазијата од други Готи 406 – 07.

Бегајќи пред хунските напади, Вандалите, Свевите и Аланите извршиле напад преку смрзнатата Рајна во близина на Мајнц; на 31 декември, 406 година, границата попуштила и овие племиња навлегле во Галија. По нив следуваа Бургундите и групи од Алеманите. Како одговор на анти – варварската хистерија која следувала потоа, царот Хонориј по кратка постапка наредил Стилихон да биде обезглавен. Како што напишал Гибон, Стилихон го подал вратот, ,,со непоколебливост која му прилегала на последниот од римските генерали,”. Потоа на Хонориј му останале само бескорисните дворјани како советници. Во 410 година, Визиготите предводени од Аларих I, го зазеле Рим и во тие три дена само пожари и колежи се среќавале по улиците, палатите беа ограбувани, а за секој што се мислело дека крие некакво богатство бил испрашуван и мачен. Како новопокрстени христијани, Готите го почитувале црковниот имот. Но тие што успеале да се скријат во Ватиканот и другите цркви, биле само малкуте кои ја имале таа среќа.

Големата преселба на народите 400 – 700

Големата преселба на народите Готите и Вандалите беа само првите од многуте бранови на напаѓачи кои ја поплавија Западна Европа. Некои живееја само за војна и грабеж и за презирање на римските обичаи. Други му се восхитуваа и сакаа да станат негови наследници. "Сиромашниот Римјанин глуми Гот, а богатиот Гот глуми Римјанин", рекол остроготскиот крал Теодорих.Excerpta Valesiana

Поданиците на Римското Царство биле католици, цивилизирани поданици на едно бирократско царство кое постоело долго време. Германските народи не знаеле многу за градовите, парите или пишувањето. Тие биле новопокрстени аријци и сè уште се сметале за кривоверци од страна на црковните луѓе.

За време на преселбата, или Völkerwanderung (талкањето на народите), претходно населеното население остана невознемирено или делумно расселено. Народите во Франција, Италија и Шпанија продолжија да зборуваат на латински дијалекти, што денес ги сочинуваат романските јазици, додека јазиците на народите од римската ера во денешна Англија исчезнаа речиси без трага на териториите освоени од Англо – саксонците, иако британските кралства на западот продолжија да зборуваат на британски јазик. Новите народи многу го променија постоечкото општество, вклучувајќи ги законите, културата, религијата и обрасците на сопственост на имот.

Римскиот мир (Pax Romana) обезбеди сигурни услови за трговија и производство, и обединета културна и образовна средина од долго – достижни врски. Како што се губеше ова, се заменуваше со владеењето на локалните моќници, понекогаш членови на старата владеечка романизирана елита, понекогаш господари од некоја непозната култура. Во Аквитанија, Нарбонска Галија, јужна Италија и Сицилија, Баетика или јужна Шпанија и пиринејскиот брег на Средоземјето, римската култура траеше сè до 6 или 7 век.