Кале — археолошко наоѓалиште во крушевското село Бучин. Претставува утврдена населба од доцноантичкото време. Се наоѓа на 1,5 до 2 км јужно од селото, на надморска височина од 842 м, на зарамнето плато, каде се гледаат грамади од камен. По површината се среќаваат фрагменти од питоси и керамички садови. Најдени се и монети од Јустин II и Анастасиј, како и монети од IV век, кои се чуваат во Заводот и Музеј во Битола.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 978-9989-101-06-9 Мештаните го нарекуваат Будимград.
Поврзано Во Селото — осамен наод од римско време; Даб — осамен наод од римско време; Манастириште — хеленистичка и римска населба; Рид — хеленистичка населба; Бучин; Список на археолошки наоѓалишта во Крушевско;
Наводи
Категорија:Бучин