За други истоимени места, погледајте Радово.

Радово — село во Општина Босилово, во околината на градот Струмица.

Географија и местоположба thumb|десно|Католичка црква „Св. Илија“ thumb|десно|Дом на културата thumb|десно|Подрачно училиште „Св. Кирил и Методиј“ thumb|десно|Џамија (Радово)|Некогашната џамија во селото, денес во рушевини

Радово се наоѓа во југоисточниот дел на Република Македонија, во централниот дел на Општина Босилово, лево од патот кој води од Струмица кон Ново Село, во средишниот дел на Струмичка Котлина. Од најблискиот град Струмица е оддалечен 14 километри, додека селото граничи со Старо Балдовци, Иловица, Турново и Босилово.

Надморската височина во селото е 208 метри додека селото зафаќа површина од 4,2 км2. Од нив, 339 хектари се обработливо земјиштеПанов Митко, Енциклопедија на селата во Република Македонија, Патрија, Скопје, 1998. стр.241.

Историја Ран период

Местото каде денеска се наоѓа Радово постоело и пред освојувањето на овие простори од страна на Османлиите. Населбата егзистирала уште во средниот век, чие име е изведено од личното име Рада или Раде (Радослав) и од наставката „ово“.

Отоманско Царство

Во времето кога Османлиите го освоиле регионот, започнала колонизација на селото од страна на муслимански семејства. Тие основале ново маало во селото. Тогаш населбата била поделена на две маала: Големо кое на турски било познато како Бузург Радова (Големо Радово) во кое живееле муслимани и Мало кое на турски било познато како Ќучук Радова (Мало Радово) во кое живееле христијаниКолективната меморија зачувана во типичните обичаи и традиции на Општина Босилово.

Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Радово било село со 35 семејства, од кои 93 Македонци и 40 муслиманиМакедония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 188-189.. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 440 жители ТурциКънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900..

Царство Бугарија

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Царство Бугарија. Еноријатата „Св. Илија“ е продолжение на еноријата Св. Илија во село Алексово, денешна Грција, од каде се доселиле најголемиот број на унијатски верници во Радово, иако имало и од други села од кукушката околина како Мотилово, Рошлово, Морарци, Грамадна итн. Радовската енорија била основана веднаш со пристигнувањето на бегалците од Егејска Македонија. Заедно со нив во селото како бегалци пристигнале и свештениците Ѓорѓи Стојанов и Стојан Пецев. Стојанов со поголемиот дел од верниците заминал во селото Секирник каде ја основал црквата „Св. Никола“, додека во Радово должноста парох ја извршувал до 1916 година Стојан Пецев, кога истата била преземена од свештеникот Неделко Стојчев. Стојчев на таа позиција се задржал до 1918 година кога целиот Струмички крај паднал под српска власт, а самиот свештеник бил протеран.

Југославија

По крајот на Првата светска војна, според Нејскиот мировен договор, селото било вклучено во составот на Кралство СХС, заедно со Струмичкиот регион, додека по крајот на Втората светска војна, Радово било вклучено во НР Македонија, во составот на СФРЈ.

Македонија

По распаѓањето на СФРЈ, селото формално било вклучено во составот на Република Македонија. Според територијалната организација на Република Македонија, селото припаѓа на Општина Босилово.

Стопанство

Радово се наоѓа во средишниот дел на Струмичка Котлина. Бидејќи климата е подогна, населението главно се занимава со земјоделство. Во селото се наоѓа седиштето на млекарата „Здравје“, која со работа започнала во почетокот на 2002 година. Денес производството на млекарата е проширено и со нов производствен капацитет во Куманово.

Население

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 250 Македонци и 100 Турци.

Во 1961 година селото Радово имало 593 жители, од кои 567 Македонци и 25 Турци. Во 1994 година во селото живееле 884 луѓе, од кои 865 биле Македонци и 19 Турци. Пописот од 1961 година бележи дека 79 луѓе биле родени во друга држава (Грција).

Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото има 851 жител, од кои 834 Македонци, 16 Турци, 2 Срби и 1 останат.Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 804 жители, од кои 761 Македонец, 1 Албанец, 19 Турци и 23 лица без податоци.

Религија

Радово е едно од двете единствени села во Македонија со мнозинство население, кое верски припаѓа на католичката црква. На табелата е прикажана верската определба во селото од 2002 година: ВераЖителиПроценти ( %)Католици82396,70 %Муслимани161,88 %Правславни91,05 %останати30,35 % Општествени установи

ОУ „Кирил и Методиј“.

Самоуправа и политика

Во селото постои избирачкото место бр. 1822 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 714 гласачи.

На Македонски парламентарни избори во 2020 година, на овие избирачки места биле запишани вкупно 700 гласачи.

Културни и природни знаменитости

Црква „Св. Илија“, католичка црква. Џамија, муслимански храм во рушевини.

Личности thumb|right|150px|Киро Стојанов Киро Стојанов (р. 9 април 1959 ) - римокатолички бискуп на Скопската бискупија и Апостолски Администратор и Егзарх за Католиците од византиски обред во Македонија. Иван Ангелов - прв министер за земјоделство во независна Македонија и член на владата на Никола Кљусев Ристо Стојанов (р. 11 декември 1961) - пратеник од редовите на ВМРО ДПМНЕ

Наводи

Надворешни врски

Портал на Радово Општина Босилово

Категорија:Села во Општина Босилово Категорија:Струмички села Категорија:Села во Македонија