Вереви или Елва (Естонски:Elva Suurjärv) е езеро со средна големина во Естонија. Езерото се наоѓа на западната страна на градот Елва до долината Елва. Езерото има издолжен облик, правец север-југ. Од езерото истекува реката Кавилда. Езерото има богат животински свет и ботаника, постојат повеќе од 25 видови макрофити. Од риби најмногу има бодорла, додека пак помалку има костреш, црвеноперка, штука, деверика, лињак и караш.
На езерото има многу туристички атракции во текот на летните денови.
Наводи
Категорија:Езера во Естонија