Сунон или Суно бил крал на Франките на крајот на 4 век. Заедно со брат му Маркомир, многупати ја напаѓал римската провинција Германија особено Келн помеѓу 380-390. Во 388, разменил заложници во замена за примирје со римскиот генерал Арбогаст. Во 392, ја бранел својата територија борејќи се против истиот тој генерал Арбогаст. Во 400, по заробувањето на неговиот брат од страна на генералот Стиликон, со својата војска навлегол во Галија. Малку подоцна бил убиен од страна на неговите војници.
Историја - "Историјата" на Сулпис Александар. Епизодата се одиграла помеѓу 384 и 388 за време на владеењето на Максим.
- "Историја" од Сулпис Александар. Епизодата се одиграла во 388 малку по смртта на Виктор, синот на императорот Максим
- "Историја" од Сулпис Александар. Епизодата се одиграла во 392 за време на владеењето на Валентинијан II.
Извори
Историјата на Сулпис Александар цитирана во Историја на Франките од Григориј Турски (Книга 2, поглавје 9). За Маркомир не постои ниеден друг историски извор.
Категорија:Франки Категорија:Противници на Стариот Рим Категорија:Франкиски кралеви