Емпедокле (490 — 430 година п.н.е.) — старогрчки филозоф, научник, физиолог и верски учител. Бил жител на градот Агригент, грчки град на Сицилија, носел златен, лавров венец и бронзени сандали. Бил проучен исцелител и извонреден говорник; Аристотел го опишал „како татко на говорништвото“. бил најпознат по убедувањето дека сите материи се состојат од четири елементи - огнот, воздухот, земјата и водата, кои ги спојуваат и ги раздвојуваат персонификуваните косимчки сили на љубовта и раздорот. Верувал во реинкарнацијата и тврдел дека е божествено битие. Според преданието, умрел фрлајќи се во пламенот на Етна, додека се обидувал да докаже дека ќе се врати како бог.

Извор

Наводи

Категорија:Старогрчки филозофи