Курија () е заеднички термин на два острови, Буарики и Онеке, во Кирибати. Курија понекогаш се смета за атол, а понекогаш како заеднички географски поим за двата острова. Курија се наоѓа северозападно од атолот Аранука. Еден од островите во Аранука го носи истото име како и островот Буарики во Курија.
Општи податоци Двата острова, Буарики и Онеке, се оддалечени еден од друг 20 метри од плитка вода, врз која има пат и мост. Островите се опколени од гребен. Првите Европејци кои ги посетиле островите се Томас Гилберт и Џон Маршал во јуни 1788 година.
Наводи
Поврзано
Онеке Буарики Кирибати Острови во Кирибати
Надворешни врски Exhibit: The Alfred Agate Collection: The United States Exploring Expedition, 1838-1842
Категорија:Гилбертови Острови