Мили (маршалски: MileMarshallese-English Dictionary - Place Name Index) е корален атол во Тихиот Океан, составен од 92 мали островчиња. Мили е дел од Ратачките Острови во Маршалските Острови и воедно е една од општините во државата. Атолот се наоѓа околу 78 км југоисточно од Арно. Вкупната копнена површина на атолот е 14.9 км2 и тоа го прави втор најголем атол во државата, по Кваџелејн, Атолот има лгуна со површина од 760 км2. Атолот е поделен со канал од атолот Надикдик, кој е доста помалав. Мили има вкупно население 1032 според податоците од 1999 година. Главното село се вика Мили, а покрај него на атолот се и: Налу, Енеџет, Луконор, Токева и Вау. Во Мили и Енеџет има по една мала писта.

Историја Во 19 век атолот бил под германска контрола. По Првата светска војна атолот бил под јапонска контрола, а по Втората светска војна бил под американска контрола. По независноста на Маршалските Острови, атолот станал дел од новата држава.

Наводи

WWII Sites on Mili Atoll

Поврзано Маршалски Острови Острови во Маршалските Острови Ратачки Острови

Надворешни врски Мили на Oceandots.com Мили за време на Втората светска војна Pacific Wrecks

Категорија:Ратачки Острови Категорија:Општини во Маршалските Острови