мини|млад маж Мохосите, Мохоанците или Мохењите (Moxos, Moxeños, Mojos) се староседелски народи во Боливија. Мохосите живеат во центалните предели на департманот Бени, во близина на реката Мадејра, поточно на бреговите на реката Маморе.

Традиционално, Мохосите биле ловци и берачи на плодови, како и фармери и сточари. До 1564 година Мохосите биле под управа на Инките, а по доаѓањето на Шпанците под шпанска колонијална управа. За време на колонијалниот период Мохосите станале католици. Во првата половина на 20 век имало околу 30.000 Мохоси. Мохоанскиот идентитет се создал со спојување на неколку етнички групи.

Јазик Мохосите зборуваат на игнасијански јазик, кој е дел од групата на јужномајпурански јазици од семејството на аравачки јазици. Јазикот се користи за секојдневна употреба и се користи во основното образование (првите години). Речник и Новиот завет биле објавени во 1980 година на игнасијански јазик.

Поврзано Боливија Бени (департман) Аравачки јазици

Наводи

Надворешни врски Мохоанска култура Мохоси Мохосите и враќањето во Сан Игнасио

Категорија:Народи во Боливија Категорија:Староседелски народи во Јужна Америка