Џеси Сарџент (; р. во Филдинг) — поранешен новозеландски професионален велосипедист, кој последно возел за UCI World Tour екипата .
Кариера
На Летните олимписки игри 2008 во Пекинг, Сарџент го освоил бронзениот медал како дел од репрезентација на Нов Зеланд во екипниот пласман, заедно со Сем Були, Хејден Ролстон и Марк Рајан.
На 10 ноември 2008 било објавено дека Сарџент потпишал со развојната екипа под 23 години на американскиот велосипедист Ленс Армстронг, Трек-Лајвстронг за 2009 и 2010. Сарџент станал практикант со во последниот дел на сезоната 2010. Потоа потпишал професионален договор за 2011 со . Го претставувал Нов Зеланд на Комонвелтските игри 2010, одржани во Њу Делхи, Индија. Сарџент го освоил сребрениот медал во поединечен пласман и сребро во екипен пласман на велодромот. Сарџент, со неколку други возачи, ѝ се придружиле на поранешната екипа , за да ја создадат , на почетокот на сезоната 2012.
Џеси се насочил на велодромскиот велосипедизам на Летните олимписки игри 2012, каде тој и неговите сонародници Сем Боли, Марк Рајан и Весли Гу станала двојни олимписки бронзени медалисти. Арон Гејт бил единствениот возач кој се приклучил на екипата.
Сарџент во 2013 повторно возел за РадиоШек, овојпат именуван Трек. Џеси ја започнал сезоната со националното друмско првенство, каде завршил на третото место. Џеси ја започнал професионалната сезона со Тур Даун Андер.
Во 2014 година, Сарџент продолжил да вози за — преименувана во . За сезоната 2014, Сарџент бил поддршка на Фабијан Канчелара. Сарџент исто така возел на поединечниот хронометар и друмската трка на Комонвелтските игри.
Сарџент бил удрен од автомобилот на неутралниот механичар во текот на Трката околу Фландрија 2015, несреќа која го исфрлила од спортот три месеци и морал да помине низ три операции. Подоцна потпишал двегодишен договор со на почетокот на сезоната 2016. Меѓутоа, во јули 2016 година, Сарџент се повлекол од професионалниот велосипедизам на 28 години.
Достигнувања
2008 ЛОИ Пекинг - екипна потера 2009 1. Етапа 1 (ТТТ)Трка Саутленд 3. Светско велодромско првенство - екипна потера 2010 1. Етапа 3 Трка околу Гила (ITT) 1. Пролог Велосипедски класик Каскада Светско велодромско првенство 2. Поединечна потера 3. Екипна потера 3. Краен пласман Трка околу Олимпија Комонвелтски игри 2010 2. Поединечна потера 2. Екипна потера 2011 1. Краен пласман Три дена Западна Фландрија 1. Пролог (ITT) 1. Краен пласман Тур ду Поату Шарент 1. Етапа 4 (ITT) 1. Етапа 4 Енеко Тур (ITT) 2. Светско велодромско првенство - поединечна потера 2012 2. Краен пласман Три дена Западна Фландрија Олимписка екипна потера 2013 7. Краен пласман Волта ао Алгарве 2014 1. Етапа 5 Трка околу Австрија 8. Краен пласман Три дена Западна Фландрија 2015 1. Етапа 1 (ТТТ) Трка околу Алберта 3. Краен пласман Три дена Западна Фландрија
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Велосипедисти на Летните олимписки игри 2008 Категорија:Новозеландски велосипедисти Категорија:Олимписки велосипедисти на Нов Зеланд Категорија:Олимписки бронзени медалисти за Нов Зеланд Категорија:Велодромски велосипедисти Категорија:Родени во 1988 година Категорија:Живи луѓе Категорија:Олимписки медалисти во велосипедизам Категорија:Велосипедисти на Летните олимписки игри 2012