Драва или ДравеUtrata Fachwörterbuch: Geographie - Englisch-Deutsch/Deutsch-Englisch by Jürgen Utrata (2014). Посетено на 2 февруари 2023. (; ; ; ; ) — река во јужниот дел на Средна Европа. Со должина од 710 км,Joint Drava River Corridor Analysis Report , 27 ноември 2014 724 км ако е додаден изворот Секстнер Бах, таа е петтата или шестата најдолга притока на реката Дунав, после Тиса, Сава, Прут, Муреш, и можеби Сирет. Драва има сливна површина од 40,154 км2 Нејзиниот среден истек е сезонски од 500 м3 до 670 м3 Нејзиниот извор е близу гратчето Инихен/Сан Кандидо, долината Пустер во Јужен Тирол, Италија. Реката тече кон исток низ Источен Тирол и Корушка во Австрија кон регионот Штаерска во Словенија. Таа тогаш врти кон југоисток, минувајќи низ Хрватска и, спојувајќи се со нејзината главна притока Мура, го обликува поголемиот дел од границата помеѓу Хрватска и Унгарија, пред да се влее во Дунав во Осиек.
Име Во античко време, реката била позната како Дравус (Dravus) или Драус (Draus) на латински, а на грчки како Драос (Δράος) и Дравос (Δράβος). Средновековните споменувања на името се Дравис (Dravis) ( 670 година), Драува (Drauva) (во 799 година), Драуус (Drauus) (во 811 година), Трауум (Trauum) (во 1091 година) , и Трах (Трах) (во 1136 година). Името е предримско и предкелтско, но веројатно од индоевропско потекло, од коренот *dreu̯- 'проток'. Реката го дава своето име на дравитот кој е врста на турмалин.
Преглед Драва и Шпељ се единствените две реки кои потекнуваат од Италија и се влеваат во базенот на Дунав. Реката е четврта најголема и најдолга притока на Дунав.Klement Tockner, Urs Uehlinger, Christopher T. Robinson (2009), Rivers of Europe, Academic Press, no nr., ISBN 978-0-12-369449-2 Главни притоки на Драва се:
леви притоки: Гајл (Австрија), Мислиња (Словенија), Дравиња (Словенија) и Бедња (Хрватска); десни притоки: Гурк (Австрија) и Мура (Хрватска).
Драва тече низ градовите: Иничен во Италија, Лијенц, Шпитал, Филах, и Ферлах во Австрија, Дравоград, Вузеница, Мута, Руше, Марибор, Птуј, и Ормож во Словенија, Вараждин и Осиек во Хрватска, и Барч во Унгарија.
Хидролошките параметри на Драва редовно се следат во Хрватска кај Ботово, Терезино Поле, Долни Михољач и Осиек.
Држава Должина (км) Површина (км2) Среден истек (м3/с) Италија 10.6 354 (0.9%) 4 Австрија 254.7 22,162 (55.2%) 280 Австрија–Словенија 4.2 граница Словенија 117.7 4,662 (11.6%) 292 Словенија–Хрватска 23.3 граница Хрватска 166.4 6,822 (17.0%) 544 Хрватска–Унгарија 133.0 граница Унгарија 0 6,154 (15.3%) 544 Вкупно 709.8 40,154 (100%) 544 Средниот истек е за последната точка во државата спомената во изворот.
Галерија
Наводи
Дополнителна литература
Надворешни врски
DrauDrava - old river and new sounds Чрнече - графикони, во редослед, податоци за водно ниво, тек и тепрература за изминатите 30 денови (примерок од Чрнече од страна на АРСО) Ptuj - графикони, во редослед, податоци за водно ниво, тек и тепрература за изминатите 30 денови (примерок од Птуј од страна на АРСО) Borl - графикони, во редослед, податоци за водно ниво, тек и тепрература за изминатите 30 денови (примерок од Борл од страна на АРСО)
Категорија:Притоки на Дунав
Категорија:Дравски слив Категорија:Реки во Хрватска Категорија:Погранични реки Категорија:Реки во Штаерска (Словенија) Категорија:Реки во Унгарија Категорија:Реки во Јужен Тирол Категорија:Реки во Тирол (сојузна држава) Категорија:Реки во Корушка (сојузна држава) Категорија:Меѓународни реки во Европа Категорија:Унгарско-хрватска граница Категорија:Словенечко-хрватска граница Категорија:Австриско-словенечка граница Категорија:Натура 2000 во Словенија