Тројаци или Тројак„Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 184-185. — село во областа Раец, во Општина Прилеп, на патот помеѓу градовите Кавадарци и Прилеп.

Географија и местоположба Тројаци се наоѓа во источниот дел на Општина Прилеп, во горното сливно подрачје на реката Раец, во близина на превојот Плетвар, од десната страна на регионалниот пат Прилеп-Кавадарци. Селото е ридско и се наоѓа на надморска височина од 600 м. Од градот Прилеп е оддалечено околу 20 км. Неговиот атар зафаќа површина од 19,7 км2.

Историја Подрачјето на Тројаци е населено уште од неолитот, за што сведочи наоѓалиштето Ридот сместено на висорамнина од југоисточната страна на селото.

Во XIX век, селото било дел од Прилепската Каза на Отоманското Царство.

Пролетта 1907 настанала борба помеѓу еден дел од четата на Петар Ацев, предводена од Стефан Шиндилов и аскерот. Четата била опколена во една пештера кај Тројаци при што загинале сите нејзини членови — 6 четници и 1 селанец.Трайчевъ, Георги. Градъ Прилѣпъ. Историко-географски и стопански прегледъ. София, Печатница „Фотиновъ“ № 1, 1925. с. 268.

Стопанство Селото има полјоделско-сточарска функција. Во селскиот атар преовладуваат пасиштата на површина од 893 ха, обработливото земјиште зафаќа површина од 357 ха, а на шуми отпаѓаат 281 ха.

Население

Во делото „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Тројаци било село со 40 домаќинства и 173 жители.

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Тројаци имало 380 жители.Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 246. По податоците на секретарот на Бугарската егзархија Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година во селото имало 280 жители.Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рр. 150-151.

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Тројанци се води како чисто македонско село во Прилепската Каза на Битолскиот Санџак со 42 куќи.

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 250 Македонци.

Селото броело 224 жители во 1961 година, додека во 1994 година во селото живееле 30 жители.

Според пописот од 2002 година, во селото живееле 11 жители, сите Македонци. Од нив 4 биле мажи, а 7 жени.

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 7 жители, сите Македонци.

Родови

Тројаци е македонско село.

Според истражувањата од 1920-тите, Родови во селото се:

Староседелци: Чеповци (9 к.), Марковци-Ќимовци (5 к.), Шипинковци (2 к.), Трајановци (1 к.), Шутевци-Утковци (3 к.), Митковци (3 к.), Стојковци (5 к.) и Станковци-Цуцуловци (2 к.). Доселеници: Стојановци (1 к.) доселени се од селото Топлица , Кушовци (1 к.) доселени се од селото Беловодица.

Самоуправа и политика Селото влегува во рамките на Општина Прилеп од 1962 година. Претходно, во периодот од 1950 до 1952 година, тоа било дел од Прилепската околија; во периодот од 1952 до 1955 година било седиште на истоимената Општина Тројаци; а во периодот од 1955 до 1962 година, селото влегувало во склоп на Општина Плетвар.

Избирачко место Во селото се наоѓа избирачкото место бр. 1426 кое е сместено во приватна куќа.

Во вториот круг на претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 6 гласачи.

Културни и природни знаменитости мини|десно|200п|Црквата „Св. Ѓорѓи“ Археолошки наоѓалишта Василички Гробишта — некропола од римско време Грамаѓе — населба од римско време Дебел Рид — осамен наод (монети) од римско време Манастирче — населба од римско време Ракида — некропола од железно време Ридот — неолитска населба Солишта — осамен наод (монети) од доцноантичко време Црква Св. Ѓорѓија — осамени наоди од римско време Црквиче — осамен наод од римско време

Цркви Црква „Св. Ѓорѓи“ — главна селска црква изградена во 1838 година.„Црква „Св. Георгиј“, село Тројаци “. OldPrilep. 4 јуни 2015.

Реки Свињарница.

Личности мини|десно|160п|Никола Бошков - Тројачанец Родени во Тројаци Никола Бошков, наречен Тројачанец (1867 - 1946) — револуционер на ВМОРО Петре Николов — селски учител, татко на Ѓорче ПетровБългарската възрожденска интелигенция (енциклопедия), ДИ „Д-р Петър Берон“, София, 1988, стр. 520. Таше Колев (? - 1905) — милиционер на ВМОРО, загинал во родното село во борба со Турци Христо Трајков — борец во Руско-турската војна (1877-78), починал пред 1918 г.

Починати во Тројаци Никола Станев (? – 1907) — револуционер на ВМОРО, роден во Крн, Бугарија, четник на Стефан ШиндиловГрад Крън. www.svetimesta.com. Стефан Шиндилов - Шиндил (п. 1907) — прилепски војвода на ВМОРО.

Иселеништво Од 1870 до 1910 година од селото има иселеници на следните места. Прилеп, Алексинац, Крагуевац, Белград, Софија и САД.

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Села во Македонија Категорија:Прилепски села Категорија:Села во Општина Прилеп